Измешано.. Најпрвин разочарано, депресивно. Така ми почна денот. Но попладнето ме развесели барем за миг. Сега се чуствувам уморно од себе и од нас. Ќе си легнам со чувство на антиципација, чекање, неизвесност. Што ќе донесе утрешниот ден?
Стомакот ми е преполн со шпагети, чантата со мини парфемчиња, собата со мирис на ванила, срцето со... Ќе си молчам, оти тишината најубаво ми зборува. Многу мирен ден, како штотуку заспано бебе. А одењето пеш накај дома и педикирот потоа беа класичен Хедонизам. Си се обожавам таква. Сега ќе си го читам Уелбек, ќе мјаукам малку и после на спиење... Утре ме чека убав долг, набиен ден ама верувам Моќен.
Ете крај на денешниот ден а јас се чуствувам како да ме прегазил камион Затоа од се најмногу на свет понекогаш ги мразам понеделниците толку ми треба за да се привикнам на новата работна недела баш ми е мачно а и плус менувам смена ааааааа ќе збеснам и кога ќе помислам дека стомаков ми крчи а моето јуначко срце не попушта и замижува пред фрижидерот.
Мулиња и ситни души сметаат дека се препреки на 200 м во сагата наречена -Животот на М, но еве од старт им соопштувам - битката ви е однапред изгубена. Акумулирав сонце, шетам со едни бумбарски очила , лесно може да ме помешате со ова суштество но во душата дишам, а мирисам на портокали и цимет. Денеска како на малиот Балтазар ми светна сијаличка, дека можеби (сигурно) животот не ми е совршен, но јас откако паметам за себе, си копнеам по Љубов и тоа и го добив, со големо Љ. Што значи, не можам да се пожалам, ниту поплакам, универзумот е сосем фер и коректен кон мене. Благодарна сум, за сите убавини во кои мирно уживам. No more drama. Let's make Love
Како болна сум утрово Ги оставив малите во градинка после цела зима помината дома и умот ми е во нив... И керка ми се разболуваше кога тргнаа во октомври ама синчето беше многу болно 2 пати, болници, инфузии, сите фестивали и сега целата сум напната. Сакам да се социјализираат, и јас малку бел ден да видам ама имам впечаток дека уште вечер ке качат температура...........
Hикако 3 дена по ред,имам огромна главоболка,и ништо не ми помага,ете сега држам мраз на слепоочниците
Уморнаа... А часот е само 11:22. А допрва имам уште обврски + вечер ПОВТОРНО на факултет. А и бебево мало од такт ме извади, мразам кога ми наредува и сака да му одам по ќефот. Ах, што ден ќе беше? До времево ќе да е. Peace to all!
Уф па не знам искрено ... денес со тажна вест како да ги разочарав сите околу мене и со негирање на истата вест реагираа ... Ама добро сум
Со оглед на тоа што станав рано за да идам на лекар, не сум баш нај нај ама сеа ке идам срцушкото да го видам и одма ке се расположам т.е он ке ме расположи
цел ден ми беше прекрасно додека не дојде една пијадура да ни расипе ден и на мене и на дечкото...вријам