Сталожено, смирено а сепак возбудено, убаво. Експериментирам до која мерка можам да ги заразам луѓето со насмевка. Сакам да ширам добро расположение, да ги натерам луѓето доброволно да се насмевнуваат. Ендорфини прскаат на сите страни, без посебна причина, но веќе тоа што сум сеуште жива може да е доволна причина за тоа. Едноставно вечер, без повод, го полнам својот дом со прекрасни лица и славам. Славам што живеам а тоа ми дава чуство на неверојатно задоволство и среќа. Супер зен, се качувам на кров и ги ширам рацете да го прегрнам градот под мене. Пирамид да не се викам ако не го направам тоа вечерва
Расеано, на 10 ума и на крај ништо.... Пред мене следат полагања еден куп, учење, а тоа ме прави нервозна. Сакам да избегам од градов, ќе се случи и тоа и ми е единствена мотивација за да го пробродам периодов.... Очајно ми треба среќа!
Како песна. Кога срцето ти е преполно, ништо не мора да речеш Промоцијата на Иван помина красно, јас се опив како боем, пеев и играв, образите ми беа црвени како завесите во МКЦ. Ако доживеав врв и гордост за туѓиот успех - тоа беше вчера! Скришум ми потекоа и солзи, ама ги препишав на возбудата. Сега си го слушам цел албум на Адел и јадам Моцарт куглици, уморна од работа, жива од Живот. Да знаат скопскиве улици да ги речат сите мои чекори... Којзнае колку зборови ќе им требаат! До следното Себечувствување, љубам да постојам.
Омалаксано се осеќам , три пати повратив и ужасно многу ме боли стомакот . Требаше да биде интересен ден денес , ми дојде друштво и место јас нив да ги послужам , они мене чај ми вареа Гостин во своја куќа , тоа е Озбилно ,не знам што ми е ама побрзо нека поминува . И да , се изненадив од тоа колку сум силна и не потклекнувам толку лесно . Денес го видов тоа Не ми веруваат многу дури и мене ми е тешко да поверувам ама ете
денес некако денот ми е никаков, се осеќам исто неубаво...незнам зошто..а и глава ме боли по малку цел ден..
денес цел ден се чуствувам како најголема домакинка хихи абе шо работа завршив чудо...сеа малку релаксирање со фемина и музика па спавкање
Никако. Втор пат прекинуваме секс поради тоа што не можам до воздух да дојдам. Нешто не е во ред. И за тоа морам да одам на лекар. Ми се потроши книшкава, нова ќе треба да вадам. Треба на гинеколог да одам, на очно, на кардио... игурно нешто заборавив. Фалична сум целата, психо-физичка состојба нула, не постои
Sе осеќам... преморено скапано, некако без волја.. тажна сум ми се плаче и како шлаг на се настината сум
Среќно (од една страна) ќерка ми ме израдува ми рецитираше поема, ах ми фали беспрекорно , а другиот свет рамнодушно но сосема во ред. Полека се отргнувам од оние што онака дојдоа на поминување.