Денес... Денес не беше баш добар денов. Имав некоја чудна болка во градите, ме стегаше ептен, уште од вчера некако тешко ми беше. Па се напив дијазепам, бев на лекар после ми рече од многу нервози и стресови ми било, ако сум сакала да ми препорача психолог... Ми даде апчиња за олабавување(така ми рече) и утре ќе одам едно екг за секој случај да направиме, иако кога ме слушаше се беше во ред со работата на срцето. Па после добив лекција од маж ми за нервозите, од татко ми, мајка ми едно дерење ми удри... Па нели бре не треба да се нервирам?! Е ама тоа е, се секираат ги разбирам
Носето си тече ли си тече.. Ах тој полен! Спремна сум за гушкање, бацување, ме маваат некои моменти на љубов а тупавово мое нигде го нема! Ах тетке,ти мене ќе ме побудалеш..
Задоволно, чувствувам дека го искористив денов максимално. Гладно, имам болки во ПМС сум, па ги залажувам со храна
вечерта нивото на енергија ќе ви се покачи и ќе бидете како Попај кој штотуку изел конзерва спанаќ. Ќе се чувствувате подготвени да се соочите со сè што ќе ви излезе на патот, а целта ќе ви биде да се забавувате колку што е можно повеќе. ете токму така се чуствувам погоди хороскопот
Разочарано. Не качи температура во вторник ами во средата навечер. И еве сега стражарам, страв ми е да не заспијам треба да му дадам парацетамол за 1 час. И на керка ми и се растече носето. Аман, 2 дена во градинка
Па пауууууууууууу Ај вонт то гет авееееееееееј ај вонаааааа флааааааааааај авееееееееееј јеаааааааааааааааааааааа!!! НАЈДОБРАТА ЖУРКА ВО МОЈОВ ЖИВОТ. Доказ дека не е потребно фенси облека и штикли од 100 сантими за да си убав, убав си и кога се журкаш во обична маичка на ниски чизми. Фала ви колеги што постоите. Поубава вечер од оваа немало. ДиЏеј како и да ти е името, идол си ми жими хулахопкиве скинати! Од рок до поп хип хоп, фанк и на крај латино. Од калифорнија лав на ламбада на we will rock you!!! Човече каква журка направи не си свесен!!! И фала ти, што ми го оствари мојот најголем сон, еднаш да ја пуштам Seek Bromance!!! Пораснав до небото! Ја сакам вечерва, ќе ја памтам и на внучињата ќе им ја кажувам, дека на 17/18 Март беше еден ден кога од ни на крај памет си поминав најдобро на цел свет! Животот е убав за оние кои што знаат да го живеат. Господе фала ти што ми даде вакви колеги. Сами ако не си организираме журка и сами ако не си створиме атмосфера нема никој да ни створи. Студентски животе те сакам.
Едвај дишам стомакот почнува да ме боли, кај и да е ќе прокапе. Уште сум пијана Не сум јас крива што вчера бев пијана, јас некев да пијам они ме натераа Штом сум заспала со отворен прозор и уклучен радијатор, што повеќе да кажам. Незнам ни зашто сум го отворила прозорот, ама отворен бил цела ноќ Инаку да, на факс сум од 9.30 незнам дали да одам. Едвај гледам, а не 4 саати да седам на предавања
Дамски... ...кога се движам по улица и кога зафрлам со колковите лево десно ...кога јадам чоколаТЦе на сред предавање и елегантно ги цуцкам прстиве намачкани со чоколадо ...кога „срамежливо“ се смешкам и возвраќам на провокации ...кога сите погледи од постојката се вртат накај мене додека седам со собрани нозе
Многу својски некако. Како да сум имала сестра близначка некаде на крај на светот, и сме се запознале после 100 години. Сама си велам здраво, како си. Интроистражувач денес.
Некако помеѓу целата збрка, сите коцки се наместија како што треба. Ја потпевнувам ѕtuck in a moment и уживам во мирисот на дождот. Убаво ми е. Гајле ми е за другите. Кога сите се себични л*јна зошто јас да бидам исклучок и да трпам болка поради нив? Откако ми го тргнаа столчето и треснав на газ, некако како да ми дојде памет.
Како секој петок, така и денес сум преморена и ептен ми се спие. Ама некако се чувствувам исполнето и среќно . Го обожавам чувството кога му враќаш на некој, онака добро како што заслужил, и сега само чекам да бидне, а верувам многу, многуу брзо ќе биде . А ако не, ич не се замарам веќе, живот иде даље . Си пеам во себе, а ми доаѓа да вреснам многу силно . Времето се ќе покаже, докаже и излечи . А фино е чувството кога ќе го добиеш посакуваното. Оваа година - дена живеев за тоа да се случи и сега конечно испаднаа знаците на вложениот труд. А се надевам наскоро и резултатот .
Петочно расположено, втор ден добиено и покултурно да се изразам дијареа ме стегна 10 минути не можев да излезам од вецко. Сега ќе седам дома и ќе пијам чај. Добри 7 км ги пропешачив, се протегнав и денес немаше вежбање. Нема ништо поубаво кога ќе те бакне мало дете и ќе те гушне со тие мали раченца , абре се исполнуваш со милина просто, убајна што би рекле ние.
Потиштено, за прв пат размислував на тема: Што со мојот живот? Што понатаму? Што да сторам....? Одговори не добив и затоа се чувствувам потиштено!