Ах, супер ден, што да ти раскажувам. Започна со скршено огледало, траеше со нервози, болки во главата, смеење, плачење и заврши со куп пијани машки кои не знаат што прават, а уште помалку каде се наоѓаат. И дефинитивно се чувствувам ... чудно!
Затишје пред бура. Сега сум супер, под импресии, ја кријам и бркам вистината. Музиката ми е дрога и сеуште делува врз мене, но откако ќе преспијам ќе престане. Утре ќе пукне вентилот - чувствувам.
Денес, иако сабота јас си ветив дека ќе си завршам се она што пропуштив минатата работна недела. Дозволувам да сум мрзлива, почнав да оставам од денес за утре, задутре, другата недела... А не бива тоа така. Ќе биваше да, да не бев толку проклето одговорна, па се неисполнето, а ветено да не ме бодеше некаде во слабината, но вака Мирна глава, мирен сон! А после ќе се спремам за вечер Три недели не ме видел градот разиграно и развеселено да му ги газам гранитните плочи по скопските тротоари, а несакам да му недостигам
Како да треба да му се правдам на светот, дека ми е убаво. Епа слободно може фелацио да си направи светот! Сабота - жа! Ја чекам мајка ми да се врати од пазар и да правиме салата од брокула и пченка. Пиев цистерна кафе и сега сум како був во очите. Ќе продолжам со читање книга и вечер одам во кафеанче да замезам малку трач и љубов со другарките. Се надевам дека денес нема да ме закачи некој на тапет или да ме гаѓа како пикадо Имам чувство некогаш дека другите имаат толку празни животи што сркаат од туѓите. Денес е баш тој ден. Да не се повторувам со фелациото. Сериозно тоа го мислам! Ајт.
Како? Како да секој миг од мене се откинуваат миризливи цветичи и возбудуваат некој кога ќе поминат крај неговиот образ! Ете така! Прекрасно!
Фино фино не викам не... Си поправивме муабет малце со човекот.. Си изнакупував стварчици вечер ке си го гледам Армагедон... Милина.. Ај лав сатрдеј