Ненаспано, без мотив за ништо, скраја да е само да не ме фати депресија. Што да правам. Сама сум крива, кога на првата кривина се откажувам. Си викам: подобро да го немам, отколку да го изгубам. И после јас сум ти била храбра. Кукавица сум и тоа најголема! Лута сум на самата себеси
мало ако тебе те фати депресија...ќе ни пропадне форумов не се зафркавај немој вакво (не)расположение да не почнам да тепам...јасно?! ајде донт вори-би хепи што е твое ќе си дојде
донт вори би хИпи ми е паролата А ме фаќаат одвреме-навреме вакви периоди. Се минливо. Чесен пионерски збор, нема да влијае на вас
Како и претходната недела. Секој ден исти спиј ,работи и нотинг елс метерс :? :? И што е лошо па неможам да сопрам. Се чуствувам ко воркохолик без социјален живот.
Уффф, напнато....нервозно....се нешто ми се јаде од пуста досада......сакам некој да претепам...онака како на филм, како боксерска врека... ај ај да си молчам поарно....се напнав денес ама тоа е :roll: :roll: :roll:
Д Е Н Е С Ма каков ли ден беше ова Се плашам веќе и да помислам на се низ што поминав уф Тоа уствари вчера беше. Се надевам дека денешниот ќе биде малце поарен. Аман ајде белки да е така :roll:
По утрото денот се познава Марли. Имав продуктивно утро, нека ми биде и денот таков. Писмената да се направи како што треба, мада што барем за тоа во себеси не се сомневам. Од вчера подобро. Не многу, само нијанса. Ама ќе биде добро. Што се мора, се мора. Живот иде даље.
taka-taka,...vremevo tmurno,...ja za 10 procenti povedra aj bolje ke bide da se nadevam do posle..sakam sonceeee aman vishe :roll:
Убаво... ме боли малку главата, ама може да се толерира. Денес си средив куп обврски и ми е полесно. Иако имам уште многу за средување, ама мора нешто да има и за утре нели
Ок, сосема нормално. Ми се јаде бурек со месо и јогурт Какви желби имам посабајлечки за јадење, тоа е чудо И не сакам само тоа... Сакам да одам кај либето, да водиме љубов, ама има некои обврски, така да тоа ќе почека. Дремам на нет, пијам млака вода (грлото нешто ме зеза, а морам да го чувам) и го меркам остатокот од бајадерките што дремат на масичката. Генерално, убаво сиво утро, но со розеви мисли за во текот на денот. И да! Ми се сака шопинг, во Космо! Да се изнашетам меѓу хемикалии и парфеми )))