Ептен недефинирано. Не знам дали сум ненаспана или преспана. Не знам дали сум вљубена или од се ми дојде преку ... Поим немам! Сакам да сум сама, недела дена минимум на некоја планина. Скроз сама!
Преубаво, затоа што не отидов на факултет и ми е гајле (смајлиштосвирка тралалалаллала ). Чиста Дана сум денес, со гнездо на глава, ама чисто гнездо
Распеано Штознам, прилично ок ден.. ќе видеме за понатака Сепак и малце загрижена сум ... се надевам,се ќе е супер
Со желба да си излезам од сопствента кожа,да не ја чувствувам грутката во градите која ме гуши,да не ме печат солзите кои сами течат... Со желба да допрам до неговите најдлабоки мисли и да сфатам каде јас тоа згрешив,а му го дадов најубавото од мене кое го чував цел живот... И со уште една најголема желба да дознаам кога мене некој искрено ќе ме љуби,онака како што сонувам цел мој живот? Или морам да престанам да сонувам и да се давам во толкава мера,за оваквите моменти да бидат помалку болни? Ми се плаче, на цел глас Толку ми треба некој да ми каже дека утре се ќе биде подобро...
супер(си купив се што ми недостигаше од козметика) ама со главоболка но штом си го видов сонцето , ми помина
Никако, здравјето ме издава... Ако нема здравје, нема ништо. Цела недела по лекари.... Ништо убаво за да се радувам...
Како ли се чувствувам денес ? Како тотален идиот! Ете тоа сум јас! И - д - и - о - т - к - а ! - ! - !
Многу напорев ден денес, од 7 сабајле до 4 попладне бев илезена и сега немам сила до доле да се симнам...Ма одма си легнувам...
Кој вели дека лошите почетоци секогаш ветуваат и лош крај на денот?! Денес некој се обиде да ме чачка онака педерски, по мејл. Ама затоа е хиерархиски највисоко, за да не чепка и да ни напне по некоја вена на вратот Но после многу суши, мисо супа, алги меѓу забиве, луто васаби во грлото кое здрвува вилици, одлично чоколадно колаче, ароматично кафе, феноменално друштво за муабет и смеа, и многу холивудски силикони на соседната маса кои се плашев дека секоја минута ќе се стопат под свеќите евентуално ќе ми прснат директ во око, се чуствувам миризливо и убаво. Насмеано а смирено. Нека живеат спонтаните вторници!
Мекичко, како на перница. Си ја слушам Ела Фицџералд, си јадам чоколадна торта, до сега му мјаукав на љубовот... Во меѓувреме, си листам некои сајтови за облека и чевли и си мечтаам. Смирено. "те сакам и ваква кога си, уморна и бледа"
Мртва. Ништо страшно, од замор Денот почна со нервози затоа што повторно доцнев, и повторно не по моја вина, а како резултат на тоа морав да извозам за саат и 45 минути дестинација што обично ја возам за 2 часа и 30 минути, а притоа да извадам пари од банкомат, да ставам бензин и да доручкувам, што секако го правев во кола. После се што требаше да завршам - назад. И пак еуфорично стиснав на гас. Често знае да ми стисне ноџето на гас.. среќа што возам една тапа кола, па повеќе од 160 не оди, па ти ако сакаш легни врз педалата за гас А за назад - се разбира ручек во кола - сендвич од бензинска. Одвратно. После тоа веднаш обврски со едно дете, па со друго дете, па на депилација и уф како малце да бев истрауматизирана од денов, па уште депилација ми фалеше!!! И сето тоа без воздух да земам измеѓу. Едвај чекам да си легнам, и да го дочекам денот што ветува многу. Утре! И има да уживам во него колку што знам и умаеам. А знам да уживам што е право
I've been a bad, bad girl, I've been careless with a delicate man .... Навистина, јас сум лошо девојче. Вистински пандан на Хуго. Листам Теа Модерна, The Verve ми ги милуваат увцата, сонувам за концерт на Radiohead, мозочево ми е летечка чинија, де ваму-де таму, бројам денови до отказот сте виделе ли девојка која се радува на отказ повеќе од мене? Не. Епа не. Чинам дишам полесно, поубаво овие неколку денови, дури и сонцето реши да триумфира во чест на мојата задоцнета, НО строга одлучност. Well, better late than never. I feel alive.
Порано ме учеа и кога ми е најтешко да се смеам, само на доброто да гледам и да бидам смирена. Ама не, сега пачам за да ми олесни, се дерам за да исфрлам се од мене и не стегам се внатре во мене. Веќе не ќутам него зборам, бунтувам и сакам се да се сврти на добро. Не си се лажам себе си, ја превеземав ситуацијата во мои раце и сега се чувствувам посигурно. Секое чудо за три дена, ќе се расположам треба да се спремам за на пат. Тоа ми дава малце надеж... И после се..