http://www.youtube.com/watch?v=RPuFC7JurTc Четири варени јајца смафтав, уште 2 ми останаа. Утре ќе почнам да ги несам.
Чуден спој на емоции и самата не можам да кажам како се чувствувам. Па би требало да речам добро но не и совршено ... имало и подобри денови
Полна со енергија.... малце потсеќам на диско топка или евентуално диско-старка. Еве вака нешто:Се‘ во знакот на старките ми е денес, а што е најтрагично не ми се ни овде. Фаќаат прашина се‘ уште на рафот под скалите Ма ќе уживам во нив за некое време, а и тие во мене Љубов непресушна
Денес се чуствувам ОДЛИЧНО.Незнам ни самата што ми е.Развеселена,трескам глупости,се смеаам ко ненормална хахаха и ред други работии...И така уживајте во сонцето драги Феминки
Како кокиче. Сад га видиш, сад га не видиш, ал зато мирише бре! Сериозно сум метеопат. Ми влијае времето уште повеќе, па ако знам и во намуртени денови да се насмевнам, во вакви убави, пролетни и сончеви тек можете да замислите која конкуренција сум му на Џокер. Не сум рамнодушна пред цвеќињата што цутат, пред калабалак, пред весели фаци, пред сончеви зраци, пред сладолед од ванила со прелив од компот од јагоди кој така хедонистички и боемски си го лижам и грицкам, чиниш сум го купила сето време на светот и имам моќ да го продолжам неговото топење. Не сум рамнодушна пред денов. Насмеана и со душа која ме скокотка го очекувам времето кога ќе му ја дувнам на по едно лезетско кафе и потоа ќе џогирам, нудејќи го г’зов на сите сеирџии кои се собираат секогаш и онака за да ги гледаат девојките кои трчаат. А мене ми е гајле, јас и Том Јорк ќе истрчаме километри приквечер. Се чуствувам пролетно и тривијално убаво. Толку тривијално што ми доаѓа да писнам
Девојче ме аднало за пријателка на фб, родена 1994 мажена и детенце некаде година ипол... Гревче, вака останав Едит: сум ја утнала категоријата требаше во СДК, ај да не сум офф топик.. уморна сум бре ептен, па не се издржува цела недела по 14часа на работа.. Шо е ногу, ногу е
Најубаво! Ми се спие многу, но некако се чуваствувам среќно и ископлнето . Овој ден ми е еден од поубавите. Не се случи ништо посебно, ама ден поминат со другарките на муабет, филм, излегување, па не може да е лош, нели? Не размислувам за глупости и главата ми е ладна . И баш е добро вака .
И покрај тоа што денеска времето беше прекрасно, јас се чувствувам многу глупаво. Колку знаат некои работи да ти го расипат денот Врв на се е што не излегов, а баш се надевав дека ќе ме развеселат другарките ама така требало да биде, па сега седам дома така самичка и едвај чекам да дојде утре и да заборавам на се што ми се случи денес