Одпрвин убаво, но само во текот на денот. Вечерва дознав работи кои не сакав да ги дознаам. Проклет да си!
Многу разнежнето, си направив еден романтичен филм и сега само си трепкам Абе знам и јас некогаш да забегам Во секој случај, се чувствувам убаво 6 и 37 е, ги слушам птиците како си пеат, го гледам почетокот на денот и се радувам што постојам
Надвор е пролет, се радувам, а не можам да излезам заради глупавава инфекција на очите која ја наследив од децата Ми се шета,ми се пијат кафиња, ми се оди по ручеци, ми се чисти по дома, полна сум енергија, а едвај гледам, за ништо не ме бива! Како се чувствувам? Неспособно, а мразам да се чувствувам така!!!
Како синоќа некоја тешка глупост да сум направила. Ова ми е некое неискоренливо чувство после излегувања во новава моја ера.
Исцрпено од убаиње Испраќавме колеги во туѓина вчера, и јас како и секогаш, задолжена за спектакли Пеев у Пивница. Демек една песна! Кога ме слушнаа како пеам, останав за уште 5 Важно беше крваво добро! Пеев и добив мензис истовремено! Лудила. Темно лашко, колегите ми го скандираа името, гитаристот дава ишарети, абе што да ти кажам. После тоа, со будалетинкана моја се движевме низ градов, и само брбореше. Мисловен момак е тој! Јас - молчалива ко риба, гласот одземен, прстенот изгубен, мислите разбркани. Ми рече дека сум била супериорен играч. Анга! (велам јас) Станав ко луда во 9ипол сабајле, читав книга, се думав нешто, отидов да се шлаам со другарки, па со Ленка и Јанез на шопска и макијато во парк, откако прочешлавме зелена трева, се исповртевме по деца и точачиња и после тоа на зелен чај... Си добив црвени чевли за подарок! Ретро скроз. Макар и со плускавци да сум, ќе ги носам Друго - ништо, доволно е Се’!
Потиштено зборовите на Мила ми одекнуваат во глава (знам дека ти фалам и ти мене ми фалиш ама ќе пораснам). Не секогаш е лесно да си мајка, борба и болка цело време, ах кога ли ќе дојде денот да бидам со нејзе. Немам сили!
Пресреќна сум, нема сила што може да ми го промени расположението. Заљубена сум, возбудена и незнам што точно ми се случува. Имам се што сакам и се што ми треба. Го сакам светов, животот, сестра ми, сите ве сакам, а намногу се сакам себе. Го сакам и сонцето... Се е спремно, само чекам да чукне часот...