па не е како вчера доумерено облачно со повремени врнежи грмотевица, ветришча и виулици... фино е да можам да кажам сончево... the sun is up and me to данас је тако лијеп и сунчан дан... тана на на на
наспано .. конечно после толку време јас се наспав уфф какво е чуството , а се разбудив со нескафе .. Чекам гости и правам листа на песни
Се чуствувам грозноооо додека сите излегоа на кафе или прошетка јас скапувам дома бидејќи треба да вежбам математика за тест не е фер живототттт па згора на тоа ми се спие
Како да сакам да си излетам од кожа и да се телепортирам на некој од половите, да ги набљудувам поларните мечки или пингвините, зависи каде ќе завршам...
Како чиста Дана која изутрина стана и се помисли,дал да садам дрва или не...после се запрашав,дали јас се чувствувам глупаво за да бидам шраф у еден сјебана машинерија за перење пари?!Ма не. И после си реков...шо ги сексуално општам,ич не ги сексуално општам. Блазе нас,балкански бел дроб,од џигер магаре,срце на светот,а можда и крвоток на Европа со распукани патишта,Маро мори,мед да лижеш.Кај и да се свртиш,сегде је божева хубавина.Дал триумф или шмизла да гледам, ил да се радувам за најбогатите уметници што имаме.Не знам на шо попрво да се чудам...мала дигресија,утре,уметник,мене да ми каже,неам пари,нема живеачка,ќе го пљукнам,еве Лилит да не се викам,ако не го направам тоа!Америка доаѓа кај нас,ради евтина работна сила,а ние одиме во Америка,ради евтините уметници...чекај,чекај,чекај,сега сфаќам.Тоа е пазарна економија,која ние не ја разбираме,нешто не ни е јасно-постојано.Ние сме ти бисер нација. И така,сварив едно кафе,убо,турско,врело,големо ко за царот,па удрив еден рачун во некој полусон,така забушавена,со природна фризура и мислам...гледам во една точка и мислам...од тогаш,навака пола Македонија треба да биде насадена...бреј мајката,што вреден народ ќе бевме,а нививе запустени,сите граѓани,па мора селанецот да се сети како беше,знаете како викаат,на корените не треба да заборавиш,макар бил и во кожена фотеља у сако и сандали со дугачки нокти.Па ми текна на оние работни акции,ехеее,уште моите кога оделе,кога се пипале по џбунои(ми раскажуваат,со особена страст,а тек тогаш шо искри искреле...)...се тики мислам некоја носталгија ги мава луѓево или мене ми подсмрднува нешто,а?!Ама знаете ова,спаковано у засади ја својата иднина,така помодерно звучи,се лажат младиве,се нешо иднина,ништо сега.Ова и не дискриминира,сите имаат право да се вклучат,башка овој народ вреден,за слободен ден,душа дал,ене сите отидоа денес...другарка ми ми вика на телефон,не знам на кој тросед да се насадам... И така...решив да не одам,ама да даде Господ се да им се фати,туку и за тоа ќе најдат ќар некои други.Исечи го твоето минато...тоа е. Него...ова акцијава има и преносно значење...хинт-стап?! Бев...да завршам некоја работа по градот...се фрустрирав...ете така,денес сите вредни,на дрва беа отидени,се беше у лер,оди,ама не оди,оди од шо го мора и кај што мора и примив неколку превртувачки погледи од дадите отаде.Испив зелен чај,срце ме стегна,се сомневам во содржината веќе,бендисав 4 пара балетанки,1 пар патики,1 мантил,2 ташни...и проблем. Бре...не сакав испрати...да си продолжам да замарам... Него,не... Лил,со главобоља и желба за сон и долг живот и здравје
Табло сликање еуфорија- на фризер,шминка,де гардероба,па она перче ми прчи,глаадна цел ден Ама фотките битно не излегоа лоши и одма се најдоа и на фб .
Убоо, со две О! Вчера си бев у диско, што би се рекло со љубовта. Се изнасмеавме до небо и назад, а потоа... Прекрасно. Обожавам да го гледам, целиот таков будалест каков што е. А и заедно си бевме на шопинг и тогаш сфатив колку само забавно може да биде со него. Сега благо се засмевнувам, си ја слушам онаа Опен ап, од Нескафе рекламата и дишам како нилско коњче. Април, убав, шегобиен. Само што сум втора смена на работа, па ќе видам саде темници и тук таму некоја маска вечер. Ама ај донт кер. Меко ми е на срцево. Само да не ме нервира 8мицава горна. Бескрајна глупост се тие заби, ех! До друг пат, поздрав.
Pristacu bicu sve sto hoce, evo prodajem dusu vragu svome hammmmmm.. http://www.youtube.com/watch?v=hvUi-obb ... re=related Очу реч: мене фино денеска! Болежливо некако, Но фино. Си се прифативме со уморот, си стиснавме рака се предаваме пошто сме си just the two of us... ни он мене да ме замара, ни ја него...we can make it if we try Па, тука сме си дур да го сркнам фервексов и да заспијам. После, :geek: кој може да знае кој каде ќе е... till we meet again... this is the end my beatiful friend
уморна цела ноќ око не склопено разочарана изневерена од човек кој со двете раце можев да се потпишам дека нема да направи такво нешто но ете се излажав
Фил сик!!! Aх бре цела есен и зима не настинав и дојде пролет сонце огреа и јас настината, не можам да голтам. Ах тоа ладно нес вчера со многу лед
денес цел ден го преспав и се чувствувам поспано...ни кафе не помага а за главоболкава да не зборувам. се на се денов ми е в крај промашен а имав сосема други планови