Уфф, прекрасно, заљубено, исполнето, среќно, опуштено Нема поубаво нешто да те разбуди саканиот, со бакнежи, многу гушкање и Спојлер секс за добро утро Нека се множат ваквите денови
поголемиот дел од денот се чувствував одлично,но сеа некако тажно ама секако ке помине брзо и овој облак,иако настојувам секогаш да сум позитивна понекогаш ми е тешко на душата...луѓе сме не сме од камен...
не ми се верува какви се луѓево себични и користољубиви се чувствувам измамено и осамено како жална врба
Во моментов... чисто и така миризливо, пријатно Исто така, гладно. Со гласен желудник. Суво... во рацете и усните. Празни се, обете. И дланки и усни.
Чудно и празно. Ме боли минатото. Си ветив себе си дека нема да дозволам да ме повредува нешто кое поминало,ама очигледно овие моиве рани се враќаат и одат по своја желба. Си ветив и дека нема да дозволам ТАА да е причина за ниедна моја солза повеќе ама крвта не бидува вода и ете пак боли. Знам дека ме сака, само сакам и да покаже, да ме гушне и да ми каже дека се ќе биде добро. Не сакам да повредувам никого, најмалку некој свој, имам грижа на совест за сопствената среќа, ми тежи и ме притиска и ми доаѓа да го извикам од себе сето насобрано. А знам дека само ќе поголтнам и ќе се помолам УТРЕ да е еден од оние нејзини светли денови....Колку само сакам да е среќна...Ми недостига тоа чувство на спокој дека сите сме добро...
Kaко тулумба што се ваља во шербет. Се разбудив од Старо Купујееееем и мирисот на пржени тиквички, веднаш потоа измјаукав телефонски, станав да си направам кафе и сега зен зенувам. Добивме најубав комплимент за 1ви април, и тоа на немаскирано, јас и моите 3 страни на светот - Дека сме најтрајното женско друштво. И богами сме. 10 години во иста постава, не е малку! А не е ни многу, ќе тераме уште. Привилегии вчера, колачиња, замотани пици, солзи, разговори за иднината и минатото. Некогаш имам чувство дека сум сунѓер што впива и истовремено брише. Одличен распоред на атоми, роден 1987. Морам да ја дочитам книгата и да му ја вратам. А се наближува и саемот, ќе треба и за таму некој денар да одвојам. Чувство на припаѓање. Кога реков - ќе си најдам љубов, ја најдов. Интуицијата ниту мене, ниту оние од страната на Очекувањето, не ги излажала. Сполајти животе. Одам сега да мцнам нешто.
Како Дејвид Гилмор да ми ја плаче "Marooned" на увце, специјално и интимно, само на мене. Тешка носталгија ме има фатено, за едно поубаво време, кога имав со кој да слушам убава музика. Ми недостига.
Се чуствувам проклето секси. I walk like a lady, talk like a lady, but I'm all dirty inside my brain Пролетта ме пробуди. Се чуствувам будно а сепак растегнато. Ми се мази и ми се преде како маче. Ми се трепка со очиња и ми се заведува. Со поглед. Само толку Се чуствувам flirtatious. О априле кажи што ми стори, срце што ми гори, априле, априле
Лошо, затоа што јас секогаш морам се да расипам со овој пусти инает во мене што секогаш ме надминува. Оди си веќе еднаш од менее
Мислам...мммм... баш вака..... http://www.youtube.com/watch?v=Lf9FotDaoMk што не ми... би јас да си го земам!
Се чувствувам слатка како ајскрим бол и се викам блубери секој ден си одам на факултет носам хулахопки виолетови...