Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    5.415
    иоиена од бебешка миризба денот го започнав со најубавата и слатка внука која ме вика најслатко на цел свет. Многу гушкање со неа и адреналинот ми порасна 200 сакам кога сум динамична, разиграна и расеана како пролетно ветренце кое пирка. Сакам кога се е пинки... Воопшто не бе боли глава и повторно удрив на трошење тогаш сум најсќна... а платата отиде иако сме 4 ти цццццццц Важно е да сум среќна и задоволна и само како што ми тргна денес нека продолжи. Во мене има енергија и желба за гушкање кон цел универзум :rofl: :rofl: :rofl:
     
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Празно.
    Мислев дека ќе биде лесно без него, ама не е. Едвај го издржав овој еден ден.
    Се видовме во школо, иако се направивме дека не е така. Другарките ми пренесуваа кога тој гледа во мене... тоа беше на секои 10тина секунди. Неговата другарка, ми се правеше демек сака да не смири ау-бау, а цело време пред мене киснеше на телефон со него.
    Зошто секогаш ми фали кога знам дека не сме заедно? Зошто секогаш срцето ми лупа кога ќе го видам додека сме скарани, а кога сме заедно не чувствувам ништо?
    Не можам да го извадам од мисливе, ми фали повеќе од било кога, а само еден ден помина.
    Но, ќе истрпам. Нема да го побарам. Не ми треба!
     
  3. Lucky88

    Lucky88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Тажно...како да ќе ми излезе срцето...толку празно, толку никако...ми се плаче ;( ;( ;(
     
  4. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Изморено и тоа многу.Утре повторно ќе треба да станам рано и тоа ми е најтешката работа во денот.Откако ќе се расонам после се оди како подмачкано :D .Значи после еден убав ден исполнет со смеа и забава се чувствувам исцрпено и ќе одам да спијам! Добра ноќ на сите :* слатки сништа.
     
  5. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    у депресија сум денес скоро цел ден се нервирав
    се надевам утре подобро ке биде
     
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Како топка за пливање :lol:

    После толку смокви, урми и сирење залеани со Т'га вчера... :?:

    Му оставам фора на денов - или да се убие од врнење за да не можам да правам ништо, или да бликне сонце за да пак го измерам градов по должина и ширина.
     
  7. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Поспано...цел ден ми се спие :|
     
  8. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Малку подобро од вчера, порелаксирано и смирено :)
     
  9. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Никако ;( стомак ме ме боли ме кине,глава исто така а и времиштево депресивно аууууу за нигде се чувствувам :( :( :(
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Како што ми пиша еден фотограф денес на мојата профил фотографија- "Ете зошто тишината е тивка и чиста" ... а јас тивка и сама..
     
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Исполнето :) Дочитав една книга, напишав еден еротски расказ и така. Вечер ќе изгледам добар филм и ќе си слушам фина музика. Мене уметноста ме лечи.
     
  12. ivo-na

    ivo-na Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    39
    Многу поубаво за разлика од претходните неколку дена кога се чувствував ептен за нигде. ^_^
     
  13. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Не е баш некој убав ден така малку мачно лошо САКАМ ДОМА МИ ТРЕБА ОДМОРРРРР
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    ват то сеј, ват ту ду анд вер ту го вен ај донт хев ју :?:
    Ма болно бре, проклето уморно... со денови немам спиено, мозокот не ми работи, креативност на нула, очите не ми гледаат (ок, признавам еве одмина и вториот месец како не си имам земено нови стакленца за моите цвикери и пишувам да и читам и работам и се правам без нив, признавам сама сум си крива).....

    Нејќум бре да мислам, не можам да читам, се уморив од све... МЕ МРЗИ ДА ДИШАМ ВИШЕМ ЕЈ ! како се осеќам уште ќе ме прашуваат. Ма ајде |(
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  15. slatkaa1

    slatkaa1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    deneeees uzasnooo :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil:
     
  16. slatkaa1

    slatkaa1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    nine25 zsto tie doma?epa jas cel den sum doma i se dosaduvam cel den uufff :devil: :sweat:
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    24.063
    Пол:
    Женски
    Лошо. Уште од сабајле како ми тргна денот од дома, па како ми продолжи со дечко ми(веќе бившиот)... Мислам дека ќе пукнам. Не можам веќе да плачам, сакам да се насмеам...
     
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Уште еден од многуте денови во последните неколку месеци, ако не и години, кога по не знам кој пат се сеќавам на истите работи, кои најчесто и се обидувам да ги одбегнам како знам и умеам.
    Просто, секогаш наоѓам нешто што не сум го сработила, некој проблем што чека на мене да го решам, чиниш ќе престане да се врти Земјата доколку не го сторам тоа веднаш. А, не токму тоа е битното, го знам јас сето тоа, познато ми е и тоа сосема добро.
    По се изгледа, ова мое тркало веќе предолго се врти и врти без престан. Бидејќи и нештата останале нерешени, зборовите недоречени, а многу планови испариле некаде во воздухот, исто онака како што јас понекогаш милувам да испарам од секојдневието, реалниот свет и да му се фрлам на единствениот свет во кој се чувствувам сигурно, среќно... едноставно светот кој ме весели. Добро, можеби не е среќа во прашање, а нешто сосема друго, не би јас да си ја измачувам душата со тоа, „што е што?“, кога се потешко се прибира таа во телово.
    Но, се чувствувам некако без различно за се останато, онака исклучена од штекерот на ограниченото време и простор.
    Да, сето она... и не ми е на ум тогаш, признавам, но и зашто да мислам баш на тоа, си се тешам себе си и тоа многу често.
    Но, се помалку ме весели, се помалку ме прави среќна тој свет. Можеби затоа што се повеќе почнува да ми наликува на овој другиов во кој некако морам да бидам. Да, мораш само да умреш, откако веќе си се родил, се друго зависи од тебе, но бидејќи сум избрала да живеам значи морам и да се движам меѓу вас останатите, мора да ме има за да не згаснам сосема.
    И во последно време, некако се потенко ми се чини тоа стаклено ѕвоно во кое си седам и по неколку часа. Понекогаш таму сум дур да ме стемни, а многу често чекам и да ме раздени. Всушност, само тогаш го гледам сонцето, онака јасно како што е и само тогаш ја гледам месечината, ѕвездите, се она што инаку ми е премногу далеку, недостижно, а и моиве полу слепи очи не го догледуваат без очилата. А пак, стави ги тие пустински тегли или се замаглени па, мораш да ги забришеш или од блесокот ме заслепуваат сосема. Никако не си.

    ... И гледам, а богами и слушам, како полека, но сигурно напукнува тоа стекленце, што самата јас со своиве раце, со сета моја снага си го направив и тоа со каков мерак си го направив само да знаете.
    Добро! Знам! Еве признавам, единствено јас сум човекот кој конечно и со само еден мал потег на раката, со еден прост збор може да го запре тоа проклето тркало, кое и без тоа отсекогаш ми играло на моите веќе подистенчени нерви.
    Премногу се работите кои ми тежат, а уште повеќе се оние кои некако по пат се напластиле, чиниш еден тон тежина од хартии, слики, мириси, вкусови, допири, нозе, раце, прсти, чуда и врагови ме прогонуваат се почесто и почесто. Ма да, исто онака како во оние хорор филмовите кога мислиш дека од секое ќоше на четирите ѕида ќе ти скокне некој кловн да го извади „пеколот од тебе“. Да, нели американците така велат за да „ме исплаши“... па, буквалниот превод, оној од збор до збор и некако ми легнува сосема.
    Е токму така некако се чувствувам.
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Ете, по малце еуфорично (се трудам само да не мислам на тоа што ме чека утре на факултет). Вечерва добра дружба со себеси и со другите, со туш-кабината и со неизмиените садови. И со куферот и валканата облека.
    Утре... (значи, факултетот го прескокнуваме :lol: ) дружба повторно со куферот и со неговите тркалца, со рандом таксист, со дечкото на врата, со шоферот и багажот, со седиште бр.3...

    Ах, колку е убаво кога одиш ДОМА :inlove:
    Таму има љубов и надеж колку за десет Светски војни.
     

    Прикачени фајлови:

  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Бреј што ми е убаво денес.
    Некои денови сум еуфорична, а други ко потепана со мокар чорап.

    Денеска помеѓу, така смирена, напишав песна и му кажав дека ми е инспирација за мојот книжевен труд, па он се :$ , па јас се :$ и така со безброј скајп фацки си искажавме чувства... :^)
    Тикварка!
    Е*ате виртуелноста што ми стори, море требаше со вино и чипка и бисери да му ја прочитам песната, не таму преку некаков си скајп да си праќаме :* .

    Лута сум им на технологиите.
    Слично како што кажа Пирамид, им објавувам војна.
    Од денеска, контакт само преку гулаб-писмоносец.

    Абре убаво му е на човека.
    Откако ќе полуди пак, најповеќе. ;)