Прекрасно и кажав на Мила дека ќе имам изложби во Снт. Петерсбург и Белград и ми рече- ауууу мамо ќе треба да летам со авион . Ух бескрајно ја сакам. Убав ден како и да е, одев 1 час пешки за џабе немавме часови, меѓутоа беше и причина да отидам во H&M да се буткам со сите жени дека имаше попуст . Малото ми пиша иако не очекував дека јас и он ќе имаме некоја комуникација, меѓутоа ми годеше. Зборење 1 час за фотографија ау ау. Ух сакам повеќе вакви денови со убави вести. И да ја сакам сестра ми толку многу, ме смирува, мотивира, подржува и јас за нејзе не знам што би сторила за да биде најсреќна како што и залужува.
Јас.. Паа, занесено. Одлутана си бев со мислите, ги ставав на рипит прекрасните моменти од вчера.. А сепак ми се чинат толку одамна и далечни. Сонце денес не грееше, ама мене ми беше претопло. Малку сум загрижена заради тестот географија и некои други ствари поврзани со школото, ама ајде, полуматуранти сме, ќе ни попуштат. Се на се, среќна сум. После толку долго време.
Како Дама из ЛОНДОНА може и из Париза ... Абе цел ден ми помина во слушање на мислења , мислења ...па сега и јас замислена за нивните мислења
О ју Сани бој ју шајн со фајн тодеј !!! Кога сонцето доаѓа сите облаци му се плашат и фаќаат усвета. Дома. Јас и никој друг. Брдо работа, али НОУ желба за сработување... ај фил гуд тана на нана Што посончево, по ги сакам сите, па и оние што никогаш и не сум ги сакала... осечам се баш ко... за шетња у град, тоа е!!! Тоа фали, адиос прекрасни вие сите феминки и неколку феминковци.
Знаев, знаев дека сонувам It isn't possible. Мене сонцето никогаш не ме грееше и добро реков вчера јако ме ИСПЕЧЕ и ме разочара.
Па не можам да кажам дека се чуствувам лошо,но сепак осеќам дека нешто не е во ред нешто ми фали ама што.... не знам
Одлично си излегов од работа на пауза си ја продолжив паузата цел саат си седев на кафе на топлото сонце во друштво со шумарски инжинери си запознав нов пријател муабетите ми беа забавни и расположението ми се поправи.
Малку разочарано од некој што најмалку очекував,ќе се фати дечко и одма се заборава кој бил покрај нив со години,значи не можам и не можам да ги сфатам таквите особи.
Mirror, mirror on the wall ... Сонував, како ѕверам во одразот ми во две огледала. Ќе да нешто си се преиспитувам НО, damn girl I was so fine ! Hell yeah !!!
Мрзоволно како некој флуид се развлекувам низ просторот и некако полна сум со непродуктивни мисли. Како да ме зафаќа бран на интелектуална поспаност, ама ај ќе се тешам дека е само полнење на батериите, сакам да сум зајакот од Дурацел ама јбг не успева секогаш! Резиме се осеќам како некоја дропка од себеси само не сум во состојба да го утврдам точниот сооднос, а подобро и да не се обидувам.
Денес хмммм....многу подобро отколку вчера ....лелел вчера ке си умерев од досада ....денеска некако се чуствувам растреперено растрчано кој знае што мие со еден збор радосно ....јееееее петоккк
Малку прејадено, малку жедно, малку уморно а сепак задоволно, понизно и посебно во овој момент. Само што испратив пари на едно место каде што се лечат болни од рак. Се надевам дека ќе им помогнат. Не е убаво да се зборува кога човек ќе помогне, секогаш велам - оној што помага, помага тивко. Но јас овојпат го правам ова само за да спомнам дека можеби мојата капка во морето ќе биде доволна за нечиј живот, и дека секогаш кога имаме, треба да дадеме онаку каде што е потребно. Кафето, новата чанта, новите чевли, пијачката ни носат минливи среќи. За тие пари можеме да предизвикаме постојани среќни моменти и чуства/ Еднаш слушнав една реченица, не помагајте додека не ви побараат помош. Ова е можеби единствениот случај или ситуација кога го прекршувам правилото. И да, се чуствувам понизно, со голема почит кон оние кои се борат за да си го изживеат достоинствено животот, бидејќи да успееш во ваква борба - е тоа е нешто што се вика победа. Со тапија.
Психоделично и во транс. Цел ден решавам равенки со 5 непознати на памет. Го знам решението ама да докажам како дојдов до него. Експерт сум за факти и докажувања, само незнам за кого. А тој некој е таму некаде далеку. Па уште крила ми требаат и да си одлетам
Како цвет огреан од првите утриснки зраци. Ух возбуда жива. Закажана изложба во Белград на 17 јуни ахххххх . Мила ми кажа тајна, веќе не и се допаѓа никој, ниту плавиот - ниту жолтиот . Пеперутка моја! Ме возвишува! Фала му на животов што ми дозволи да осетам како е да си мајка а сонцето нека ме грее и следи како што почнало ми фалеше долго, нека остане покрај мене.