попладневна дремка, па турско кафе и фемина. Менструација, подуено стомаче и така. Се прашував кога ќе почнам со драмата, нешто мирна сум...
Убаво. Навистина. Убаво. Бев на интервју за работа и за неполни 2 часа ми јавија дека сум ја добила. Јас одбив. Бре, дотолку станав важна, почнав и да одбивам работа. Убав знак е што воопшто ја има и што постои зрно надеж. Лошо е што платите што се нудат се малечки, обратнопропорционални на обврските и задачките кои се наметнуваат, ама јбг, се надевам на подобри понуди... Не се задоволувам со трошки и просечности, не повеќе, не сакам, не можам, не ми доликува. Ниту се занесувам, ниту се преценувам, а ниту потценувам, си го сакам она што сметам дека ми припаѓа. Ќе го најдам, ќе го добијам, ќе го заслужам. Simple as that. По кој знае кој пат заглавив во оние безизлезни дискусии и дебати кои опфаќаат машко-женски свет :geek: мозочето ми патува на тридневна екскурзија кога доаѓаат на ред вакви дебати. Ненаситна сум, дај замолчете ме! Постојано сум во контакт со едно мало книжуле кое е етикетирано со мошне пристапна цена, но никако да го купам. Го допирам, посегнувам и го враќам на место. Овојпат, ме повикува посилно одошто сакам, ми се врти постојано пред очи и ми е доволен знак дека треба да си го купам на претстојниот саем... Вашиот мошне црвен ТрендафиЉ ви посакува пријатна петочна вечер, измешана со копнеж, страст и Љубов. Убавата храна, нема да е на одмет.
утрото беше супер од попладнето наваму... лошо, нешто не ми е во ред левото око, главоболка ужасна со вртоглавици и нагони за повракање а овој ПМС ке ме умре нема што (од месец во месец од лошо полошо) ех, камо таа срека мене да ме примеа во некоја од фирмите каде аплицирав за работно место ама само ми даваат лажни надежи, до кога вака... незнам
Уф, до пред некоја минута бев надвор да го прошетам кучето, и по не знам колку време косата ја носев пуштена. Па кога ми се разлепрша на тоа ветрот, се осетив ко Покахонтас кога го испраќа Џон Смит назад у Англија.
Не се чувствувам. Три кетонали во еден ден Ништо од телово не чувствувам, освен болката во стомакот, само таа не помина
Јас три кафетина, нешто слично на тебе. Во 5 сабајле се разбудив, се напив две од еднаш и си плачев 1 час во кревет, додека не знам како, заспав. Крш. Ми се спие, ме боли стомак, се отрув со апчиња, не сум способна за живот денес.
Се разбудив сеуште размислувајќи за глупоста која е направив вчера, всушност не беше моја вина, но ете малер си малер денес цел ден се нервирав за таа работа, но кога отидов на факс малку се расположив, па потоа прошетав со дечкото, па малку се подновив и сега сум среќна Денeс малку тага, ама и многу насмевки
Денес се чуствувам одлично...поради тоа што денот го поминав со моите другарки шетајќи се во парк со моето куче
Една за тебе Покахонтас, бидејќи ме насмеа утрово http://www.youtube.com/watch?v=JGb5IweiYG8 Captain Smith and Pocahontas had a very mad affair. When her daddy tried to kill him she said daddy oh don't you dare... he gives me me fever with his kisses fever when he holds me tight А, доколку до попосле влезеш во филм дека си како Јулија, онаа на Ромео , тогаш слушај го овој: дел Romeo love Juliet Juliet she felt the same. When he put his arms around her he said, Julie baby your my flame
денеска се чуствувам разочарано никакво немам волја за ништо изнервирана од утрината и никако да ми помине нервозата......леле феминки мои мислам дека ке почнам да плачам од нервози незнам што е работата ама не ми стои дека не е баш на арно......вие имајте ми прекрасен ден и уживајте во сонцето.......ве гушкам
аууффф... денес...вчера....утре....за никаде бе луѓе многу за никаде....ми треба нешто,ми треба нешто диво,лудо,екстра,незаборавно....а јас моментално се чувствувам како да сакам да се откажам од се,едбај ги држам конците во рака.....
најубаво се чувствувам,некако исполнето! после добра помината вечер со дечко ми со експериментирања по негови идеи-супер после добар ручек кој самата го подготвив -најсупер после среќните насмевки на дечињата,се чувствувам исполнето,има ли нешто подобро од ведра детска насмевка,па колку и да сум тажна ќе ме развеселат! тоа мило раченце,кога и јас ке имам нешто такво дома,денес решив САКАМ ДЕТЕ со мојата мила душичка,веќе не гледам нас двајцата како родители ахххх задоволна сум со животов мој мизерен,и да имам многу повеќе пари пак ќе уживам со едноставните работи во животот!!!!
Ужасно... изреволтирана од ибецилите кои работат во моето училиште и од драгите ми соученици брависимо... прекрасни сте
Пасивно! Да се нема желба за ништо, само за дремење. Што и да почне човек да прави кога е без желба нема ефект. Така се чувствувам и јас денеска. Само се надевам дека и вечерта нема да ја поминам во истото расположение. Искрено, се надевам!