Па некако сум нерасположен, иако не знам зошто, а и нема причина... Имам обичен ден, каков што досега сум имал во безброј наврати, но не знам денес зошто толку го земам „при срце“ и делувам негативно... :/
денес се чуствувам осамено и тажно... немозам да си се видам со либето, уморно ми е од 6 работни дена
Имам недостаток од спиење. не спијам мирно. Имам болки ... зошто мора да го имам овој период во месецот ... овие неколку пеколни дена ???? Измачување, гадење, грчеви,мигрена ... се тоа заради ебано пмс. ццц. Ми фали тоа кога се ми беше совршено. Кога телото ми беше целото во хармонија и си неав вакви разврзланици ... уф. Ама силна сум јас. Ќе помине и сега А со спиење нема да надохнадам ни утре. И да спијам мирно оп во 6 сабајле мајсторот на врата. Брр. мразам кога мора дома да бидам единствениот одговорен човек. Обичен ден .... а јас тмурна. Ај бе еден снег нека заврне. Сигурно ќе бидам посреќна
пред малку бев еуфорична и весела....а сега нешто ми стежна на душава мразам кога ќе се појават овие емоции и кога знам дека неможам да ги контролирам туку тие ме контролираат мене секогаш ама буквално секогаш е така, ќе дозвилам некој да влезе во животот мој и да ми биде така мил и драг и тн. и ете ти готово немам контрола врз своите чувства....па после оди совземај се и собирај се од подот кога ќе те скршат уф што не сум така силна како што другите мислат дека сум, како јајце недоварено сум бе.....однадвор тврда ама внатре мека ај додека не сум истрескала уште некоја глупава споредба да престанам со пишување иначе си купив џишка црвен кармин (што е несвојствено за мене) ама промените продолжуваат кој ги врти бре, кога ќе се дотерам и ќе го нацрвам устето нека одат нека ми одолеат ама ќе биде после ај ем ту секси фор ју
Ти се придружувам....нерасположена, депресивна, тмурна, онака без причина... еве веќе денот одминува и ќе започне нов, а јас се уште со истите чувства ....Се надевам утре ќе биде се во ред
Kaко да ми застанал саатот во времето на Тито Иако не сум го живеела многу де, сепак!? Куп непроникливи неинтелектуалци чекаат да ми го дорасипат и така напорниов период, е па еве ви на, нема Катерина време да ве сwуша кај што се дрнкате и дркате(со извинење)! Се чувствувам нечуствително! И факинг гууууУУуд!
Овака сакам да се чувствувам од сеа и да трае до смртта ми... нејќам да доживеам длабока старост не, дур се движам и мислам и размислувам и се сеќавам е до тогаш... овака нека се чувствувам http://www.youtube.com/watch?v=aH986VE4 ... re=related
Како гомце. Небитно за никого , некој ќе ме згази и ќе се грози . Со каснење од пола месец..дојде махагоната . Епа welocme ! Освен шо неможам да мрднам од креветов , ми се сечат нозе кога и да се придвижам накај веце ..кивам , ми се растекол и носов, грло ме боли. Овај процесов на добивање кај мене е цел вестивал. Пред, за време и потоа. На 100 степени и сонце , јас се чувствувам како облачно. Ај мајкуму стара не е последен сончев ден , i guess. Добра сум за избегавање денес , ја сам врло врло задовољан тип.. Не те напуштам виножиткаст ми кревету мил , не ! Ни тебе Спонџ Боб! *барем за некој ден нема да бидам како балон со хелиум..
Не знам ни сама. На моменти мислам дека сум океј, а на моменти се губам во мислите, во случувањата од минатото. Некако се' ми е матно. Си се негирам самата себеси. Уште го сакам... Не, не го сакам. Го сакам. Не го сакам... Ама... АМА! Нема да дозволам да си се самоуништам, префрлајќи се од кревет на кревет и да мислам на предходните случки, затворена во четири ѕида. Аааа, не! Можеби вчера ми беше тешко, ама тоа беше само вчера (лажам). И покрај се', ќе смугнам сили, да станам, главата горе и ајт надвор, малце на свеж воздух, да си го разбистрам мозокот.
Се чувствувам како буре поооооолно со вода и малку фали да пукне. Во рок од еден час испив малтене 3 литри вода .
Не само денес туку цел викенд се чувствувам бедно. Спијам до 12 и пак ко ненаспана сум, само се презевам, се тегнам и мижам, ко нешто да ми фали . Денеска плус и со пукнат филм сум и мозоков го чувствувам дека ми е ко исушен, ни инспирација имам за нешто, ни некоја мисла паметна ми доаѓа, а есеј имам за пишување .Тоа е.