Како да умрел дел од мене,како да остана нешто со него кога си заминав.... Незнам празно,вистина е дека цел живот ми фали едно парче во сложувалката,но од денес изгледа ќе се две. Па збогум од мене....
Се чувствувам совршено , исполнето ,задоволна , среќна на својот успех редно беше после долго време напорна работа, силно светна ден и за мене, денов ми беше еден од најуспешните
Како шеќерна паста. Ем се тегнам, ем никако да се погодам. Барем укусот ми е добар. Уствари не знам јас, така велат.
Се чуствувам малаксана,како да ме газел некој тенк.Од вчера сум таква настинав,И плус тоа добив менструација катастрофа
како се чуствувам денес? е точно како мала дебела Pumpkin (тиквичка) која поради фактот што чека нестрпливо да добие месечен циклус каде и да е ќе препукне. Воедно не ми бега и pig (или пигиште -прасиште) поради фактот што денес се пренајадов и после цел месец ја прекршив диетата. Ако ќе поминат и овие денови и оп пак на работна акција -диета хехехе. Инаку воглавно како и секој понеделник сум преморена.
Истрошена, уморна, тажна, бесна, гневна, со ќесички наместо очиња, подуени од плачење. Ако некогаш постоел момент да се паничари - времето е токму сега. Не можам да си поверувам дека чекам плата за месецот февруари, а половина од април е на прагот. Надежта последна умира, велат, а мојата денес ја сомлеа со сознанието дека - ќе си почекам јас трпеливо уште минимум недела дена. Не дека е можеби нешто многу важно, ама ете - мене ми беше да одам на саем и да си приуштам така мало, ама очигледно големо задоволство. Дојде време кога човек не може да си купи книга. Не очила за сонце, не брендирана чанта со сељачко Луи Витон лого, не скапи фармерки, туку книга. Обична книшка. Тоа ми беше капаче, врв, и ми се прелеа чашката. Не можам да си дозволам да се тешам повеќе со тоа - ама и другите живеат дома со родителите на 25, ама и на другите не им е решен работниот статус, АМА... има и полошо. Не ме интересира, не ми е гајле за другите, не сакам да се споредувам ниту тешам со другите. Мене ми е срам што живеам ваков живот, што живеам во оваа држава, што живеам во волку суров и одвратен , скапан свет, бесна сум што не ограничуваат, не тераат да се задоволиме со трошки, притоа ублажувајќи го понижувањето со - има и полошо. Тотално сум разочарана, повредена, горчлива, просто отруена. А не сум човек што така лесно крева раце од било што, значи на моменти сум магаренце, буткам напред, макар немало веќе камен за буткање. Епа го нема каменот. Веќе подолго време. Ако кажам дека се чувствувам како вистински промашај, тотално мизерно, ќе излажам. Се чувствувам победно. И лага. Не е.
Денес сум поприлично тажна, за жал има многу причини заради тоа, некако ми е без везе се, неам воља за ништо... уморна сум од се... и бесна сум на многу луѓе... ете така се чувствувам
Јас во моментов сум прилично смирена, со оглед на тоа дека во 7 наутро ме разбуди гулаб кој ми влезе во соба, па бев како потресенка до сега и седнав да си се смирам на форумов
Се чувствувам како да ми лета времето, како да не можам да одржам чекор, како сите часовници на планетава ми штракаат во глава дека времето истекува...А јас упорно терам инает, си терам ПО СВОЕ, како јас да сум таа главната која управува со работите. Епа гес уат! Не си!
Испаничена дека нема да постигнам да го спремам убаво колоквиумот за во петок, со оглед на тоа дека секој ден сум до 8 на факултет
Вака како кученцево, намокрено до кожа. Бевме на терен, се истури од врнење, кал до колена, мочуришта, шуми што ти не. Сега уморна без капка сила во мене. Кога се враќавме сите не гледаа. Не оставија со комбиња сред центар, додека сите уредни, средени ние раздрпани, мокри, каливи . Ама ако, тоа ти е кога сакаш да бидеш истражувач. Сега учење леле колку многу имам! Стравови ме фаќаат- испит на 28 април и 3 мај. Вухууу тоа е! Ама среќна во себе сабота дома. Ах Скопје ми фалиш.
Расцутено Да, да... време и јас да се почувствувам пролетно. Па песнава што ја постира љубам, ме освои тотално, ме разнежни, ме насмевнува.... http://www.youtube.com/watch?v=36aCWG4E ... r_embedded Убав ден вака на повидок, ветува многу.... ама има време до крај, па ќе видеме. И дааа, денеска си дозволив да се изнаспијам за сите париња, и змиите ми завидуваат Ајде деее еднаш оправдано е, да се наполни човек со енергија. Имам добиено, ама исто како да немам денеска Шарарапара тирити пај
баш тежок и напорен ден, еден од полошите во изминатиов период... Денес се некако беше тешко... ми треба одмор а кога ќе размислам подлабоко се чувствувам некако тажно и осамено