Денот ми започна лошо, заврши бетер. Сега се смирувам со чоколадо до мене, зашто испукав. Толку сум комплицирана што понекогаш и самата не се сваќам. Имам лошо претчуство, познато ми е ова. Секогаш се трудам да ги потиснам овие чувства, да се надевам дека може има спас, ама секогаш испаѓаат точни. И ќе видите дека и овојпат ќе заврши лошо. Сигурна сум 100 % Ќе се цитирам, кога ќе ми се исполни предвидувањето. Лоши работи од кои се плашам секогаш се исполнувале Ух.
Збунето, заборавив дека петок правам тест по географија и се пријавив на литературно читање и сеа треба да откажам литературното читање а толку многу се спремав за тоа (дури четири стихотворби напишав)
Моментално се чувствувам среќно, дечко ми утре ќе си дојде во Скопје и ќе се видиме , многу ми недостигаше, не сме се виделе 10 - тина дена и сега утре конечно . Се радувам што деновиве ќе одам и на саемот на книгата и што ќе си купам некое книџе . Обожавам книги, обожавам да читам и сакам да најдам барем малку повеќе слободно време за да седнам и да си прочитам некоја книга, иако периодов малку потешко. И покрај мојата радост, сепак длабоко во мене чувствувам и некоја тага, неизвесност, напнатост во врска со една работа за една моја многу блиска личност, но се надевам дека се ќе се среди, дека здравјето ќе и се врати, ќе закрепне и ќе биде во ред.
Се чувствувам депресивно. Цел ден сум напната поради една многу важна одлука која треба да ја донесам во многу скоро време Згора на се вчера една девојка ми раскажуваше за својот мизерен, усвари чекај...мизерен е проклето благ збор со оглед на сето тоа што ми го раскажа синоќа, почнувајки од малтретирањето од нејзините т.н. пријатели па се до нејзиното семејство кое нема тронка обзир за нејзините проблеми обвинувајки ја неа (иако не е воопшто виновна). Па муабетот, нешто ме натера да размислам колку е животот суров кога најмалку треба да биде. Наместо да ти даде благодет тој ти го одзема, наместо да те радува тој те растажува Се прашувам ЗОШТО мора да биде така?! Се прашувам мене лично за неколку години каква борба ме чека, а најмногу се плашам дека нема да успеам да се изборам во неа и ќе останам на дното без никој. Ме плаши иднината, се колнам дека се обидувам да мислам поинаку, со повеќе оптимизам но залудно...Пак ќе се деси нешто што не треба и пак си се враќам на песимизмот. Животот е неправеден тоа го сфатив уште во раното детство...Но до волку подол и трнлив?!? НЕ! Мора да е некоја грешка!...
Некако многу тешко времево денес,цел ден глава ме боли.... Незнаеш ни што да облечеш,час е сонце,час ветер,час дожд....катастрофа
Не знам ни јас како се чувствувам денес....имам еден куп за учење за утре, а уште книга не сум допрела...времето е никакво, не сум расположена за ништо...
како предавник!!!!!!! Иако знам дека не е така многу сум тажна... Ќе пукнам зошто ли тоа така се случи
Џули јас веќе еден цел месец неможам да се оправам од настинки,од грло,па времево ми влијаело,па алергии од периодов, кивање по едно 100 пати на ден... ама не се предавам бе,ќе си чекам пак сонценце,ќе биде подобро... Денес се чувствувам толку поспано,уште кога станав едвај очи отворив па цел ден ме тера на спиење,на нервоза,кутриот мој дечко, му се испонашав уште од сабајле ни крив ни должен ....којзнае што ми е,ко удрена со мокра чорапа сум.