Поарно од вчера ,фала ти Боже Ај ости шо ми се спиеше сабајле,демек рано станав дури во 9ч. па ми звони аларм Хакуна Матата и како да не е поарно,молим те уште грлото да ми помине и метаболизмот да ми преработи како на сите други и да си најдам работа ....абе супер.....ќе беше...
Ко дете што си копа руда од нос, па некој од родителите му шлапнува една, а ова од инает истура саксија низ паркет. Пакосно! Хуху Јадам буреци бре. Ок сум. После работа - по подароци за дипломски, јадење у Мекдоналдс, смрзнати уши, мјаукања и лаења, мижења и зјаења. Како што секогаш знаело да биде. Идам на фотоизложба после кај милата Фро. Ми се јаде уште еден громогласен чизкејк од Гирадико. Го сакам неговиот глас додека пуши цигара и ми брбори некои цитати од книги. Ете, некогаш и Free love од Depeche Mode ми станува императив за убаво. Ми велат сум била театрална. Јас им велам - да ми се фатите. И така. Позз
Денес толку убаво си седам и си овулирам,а само неправди околу мене ама ми се веќе дежа ву ефекАт,па ми ги вознемируваат јајце-клеткиве до извесен степен. И така после неколку детонации сакам вечер да извршам самоубиство од заседа на некои натрапнички мисли низ мозочево,инаку ќе чувствувам ремет и грст инсомнија ќе се надоврзе. Се на се‘ еден толку просечен ден,што ни за статистика не вреди како податок,онака кружи околу просекот како мува околу тазе го*ненце.
Како што ми почна денот така и еве завршува. Знам утрото ми беше грозно ах оваа држава и нејзините закони. И покрај се мораше да добијам а баш се надевав дека нема и така ми каснеше 4 дена и таман помислив НАПРАВИВМЕ ГРЕШКА може би сум трудна но ете се разочатрав. Ок морам да признам дека пазевме и не работиме на случајот но сакам толку дете што ете секогаш кога ми касни малку се надевам, а со тоа веднаш некако си ги забрзувам плановите за се. Знам дека сум луда и дека детето не доаѓа од ветерот ама тоа сум јас и така ете разочарана и разлутена и негативна го привршувам овој ден со надеж за подобро утре
Никако. Поникако се немам чувствувано во животов никогаш... Нека помини денов побрзо, утре со нови сили...
Екстатично, ми се шејка бутито на квалитетно хип хопче, во квалитетна гужва, триејќи се со квалитетен момак. Поздравинела: http://www.youtube.com/watch?v=AaXaig_43lU
Ненаспано. Ми се јаде нешто, а не знам што Па не јадам ништо. А, да, и многу се смеам со Herr Father-ов http://www.youtube.com/watch?v=-f7V3NQ2 ... re=related
Па.... по огромната изедена МРСНА баничка со сиренце, па и со црниве мисли за мексиканска храна.... еве вака:Како огромна шарена торта!
Ако е само овој ден во прашање и не е проблем, ако продолжи СТОП ЈОРСЕЛФ УОМАН и со сила ако треба хахах туку.. мексиканска лапни што поскоро мој совет ќе ти се тргне од глава иначе ќе се пуниш со се друго и нема да ја задоволиш потребата од комида мехикана ... а јас ли?!? лов ис ин д'ер
Како да ќе се распрснам од сопствената сила. Мир, убавила. Слушам Љубојна, јадам чипс, сонцето ми влегува в соба, и ми ја облева со топлина ем нијанси меѓу јагода вжарена и усрамен детски образ. Тишина и радост. Вечер ќе одам на дипломска и уште сега ми вели нешто енергетското комбо дека ќе биде одлично... Ах оваа Вера како пее, си ја присвојувам на душата. Се ежам од убавиниве. Си го сакам животот, а и него! Сака да ме краде и се фасцинира од Нас, секој ден. Кога љубиш, не може да биде лошо. Може да биде само болно, и тоа ќе помине. Како не оди во позадина Circle of life од Кралот лав! да ви го доловам чувствово што ме спопаѓа! Во кој зенит сум еј. Овулирам сега, и одлично ми е. Да, сонувам со отворени очи.
од сабајле веселоо и сега кога си дојдов дома мајками дека неа не и се погоди денот и мора да му го расипе и на другите и ме изнервира вкрај