There are no trees to sing from Walker cannot hear the wind Far off symphony To hear the guns beginning... Го слушам новиот албум на ПЏ Харви, ме меланхолизира додека се будам со кафево и Домачицата со цимет и бела чоколада. Ќе го искористам денов, максимално. Вчера освен што ме болеа нозете од штиклите, се испосликав и изнапив куп џин тоници, пак грабнав микрофон, си направив гребаница на колената, добив понуда за гостување во радио емисија, потрошив неумесна сума пари, и сега сум празна како мешунка боранија. Исполни го денов, со радост, о животе мој. Ко некоја монахиња сум, од сабајле си правам мантри и молитви за да ги издржам сите нешта, заради хиперсензитивноста. Одам да си спржнам една кајгана и потоа до Саем, како би го промовирале оној мојон будала. Чао.
Грдо,чудно....во исчекување на нешто а не знам ни самата што.....Разочарано од другарките,дечкото од животот...од све...Зошто е вака,зошто барем еднаш во моиве 18 години не можам да се чуствувам сакано,исполнета,среќна.Што му згрешив јас на животов за вака да ми враќа во овие 18 години...што???? Немам ни почнато со живот а сепак се чуствувам како да сум го изживеала целиот живот
Наспана не сум, ама едно нешто во кое сум сигурна дека СУМ е совршена хармонија со себеси. Добро, ми фали додуша сон малку отповеќе, таа мека перница со зелена навлака, и мекиот прекривач и топлата соба... Ми фали и моето мече крзнено, одамна си немав спомнато за неа. Како и да е, добро е. Се надевам само...I've found mine. Во мене е
Цело време ми се лиже Спојлер ЦРВЕНО лижавчеее И да...Заљубена сууум .. Спојлер Во природата Значи денеска сум многу ЛИГАВА
стегнато,напорно вежбав цело утро .ова е денот кога потрошив повеќа пари џогирав по кеј,со ветерчето и со антена 5 на моите слушалки се бањав,средив и правец по салоните средив нокти и депилации потоа бев на една добра масажа и малку сауна колку долго утро беше ова,си го излеснав паричникот но ми остана уште некоја паричка да тркнам до саем и да си купам некоја нова книга ги обожавам деновите како денес
Со оглед дека вчера само што дојдов ва Македонијава наша, веднаш заминав на предавање за фотографија со "Creative Exchange group" и прекрасно оној драг Неделчевски секогаш знае да ме израдува и расплаче. Моќен е тој. Потоа изложба и пиење во Менада со мои красни луѓе, си ги сакам многу. Сретнав прекрасна особа Александра која само виртуелно ја познавав, кога ја видов се запрепастив од нејзината едноставност и убавина. Краток разговор, препораки за книга и недлелава средба долга. Касно прибирање рано станување. Си ја земав Мила од татко и, ја изнагушкав, скришно си заплакав додека се возевме накај Скопје. И потоа го осовјувавме Скопје. Купивме кикирики, седнавме покрај кеј, отидовме во парк и зоолошка им се радувавме на животинките особено на Хипо, и еден мал лемур сонцуле мало колку само не сакаше да се тргне од мамичка, а таа упорно со нејзиниот јазик го бањкаше насекаде. Полно ми е срцево, мирна ми е душава. Покрај мене е тоа што ми е најбитно. Ми направи букет ќе го исушам и понесам со мене во Лунд.
Ухх..периодов ми е малце депресивен, како времето сум и јас еден ден сум ок еден ден во депресии, пред скоро време ја изубив работата и тоа уште повеке влиае на мојата состојба..Се надевам ке дојдат и подобри денови, свесна сум дека без потреба мојата негативна енергија и нервоза ја исфрлам на дечко ми кој најмалце ја заслужива, и одпосле кога ке се сетам што сум направила му се извинувам, јака му душа на кутричкиот како ме трпи... Не саакам ни да излегувам ни да комуницрам со пријателите бидејки некам да им ја пренсувам негативната енергија, срека што до пред скоро се зачленив на форумов па имам каде да си ја испразнам душичкава....Ви посакувам на сите добро здравје мир и храмонија пред се со самите себе а потоа и со сите останати тоа е најбитно во животот па се останато само ке си дојде.Бидете срекни и живејте го секој ден како да е последен, лесно ми е да го кажам ова , али тешко да го применам, али се надевам како што викаат после дождот доаѓа сонце па ке има и светли денови и за мене...
Уморно и некако вошд оф било какви подлабоки чувства. После преголема доза на шеќери денес сум ни лук ни киселина,па види ти логика ако можеш. Очињава на пола копје,мозочево на loading...please wait...wait...е чекан по глава ќе му е мајката изгледа за да го убрзам мисловниов ми процес, . И најмногу се нервирам кога во ваква состојба како влечуга ќе се довлечам до кревет,со уверение како слатко ќе си се изнаспијам,па потоа не успеам да заспијам и ротирам на мал и ограничен простор неограничено и ми доаѓа од кожа да си излетам. Последно време уморов ми премина во константа,фа‘кинг пи=3,14...вотевр,доста беше се уморив и од пишување и ова го пишував добри 10-тина минутки,резил море ј‘зк да ми е на ефикасноста ем ефективноста .
Миличка пеперутка земи си 2-3 ферфексчина содржат парацетамол( кој сигурно знеш ја спаѓа темературата) и витамин ц многу течности - вода, чајчина природни сокови овошје колку со можиш повеке, верувај ферфексот одма ке ти ја спадне темературата, исто и кафетин колд со витамин ц ке ти помогне, за ден два ке бидеш како нова.Пушти си некое добро фимче и лежи и одмарај Ти посакувам побрзо заздравување и полна со енригија да бидеш
Морам офф топик... Пеперутка одма земи чорапчиња и натопи ги со оцет, облечи ги и над нив други чорапи. И испи парацетамол... Легни и мирувај...Најважно е да се испотиш така само ќе падне температурата