Прекрасен ден. Џабе ќе ја постирам Perfect Day, кога не може да долови ни осмина од прекраснотијата на денешниот ден.
Без самодоверба! Глупавиот страв од осаменост секогаш те тера да правиш глупости и да превземаш очајни мерки... и после ќе се каеш, епа ќе се каеш...
Како нешто премногу да ми недостасува, како да имам празнина во мојата душа...... ах поглупаво чуство од осаменоста нема Osamenosta e teska no slobodata e neprocenliva
Не, не сум јас за ова.Како пастувка се чувствувам денеска. Кобила нескротлива. Орлица (орел, ама женски, де ) сум и Небото е мое, владеам со него.
се чувствувам исполнето, среќно. сношти славевме 1 година со моето срцуле денес насмевкава ми беше од шеска до шеска, очичкиве ми светеа ко долги фарови
Како и секој Понеделник истоштено потрошено со желба неделата да започнува од Вторник. И не би била тоа јас ако не соберам сила и со раце да одам само да успеам денес да си го направам денот онака како што јас сакам
многу тешко и тажно значи незнам што ми стана легнав да одморам малце и сонував многу неубав сон и откако станав ама ич не се чуствувам убаво и многу ми е тешкооо
Како да сум изгубила телефон, чекај даааа го изгубив и ми се вришти не поради глупавиот индијски апарат кој шкрипи кога зборуваш, туку броевите. Ах! Bad luck! Pfew! Ајде утре нов ден сега една акција на повтроно прибирање броеви.
Денешниов ден веројатно ке го памтам до крај на својот живот ,исто како еден 15 ти декември .Во исто време сум среќна за тоа што за неколку месеци ќе се случи ,но и исплашена од предходното искуство.
Поспано. Решив да ги прекршам сите правила и доручкував хамбургер од 7-ца. Па што. Времево само за учење, а јас со мрзеливоста моја допуштам така да ми поминуваат минутите. Епа ај ако не да нацртам нешто, немам некоја инспирација но може ќе се чувствувам поубаво.
вознемирено мразам кога ситници влијаат на мене ме чека една убава книга за опуштање ќе ги отргнам мислите барем
Ко Доли Партон. Предницава оди 5 минути пред мене, па по неа јас. Ме дрмаат стресови и паники по благо, и целата сум како аларм за пожар. Море, целата сум јас пожар. Се чувствувам потрошено од вчерашниот напорен ден, иако знам дека денес ќе биде подобро. Многу ми се сака да му отидам во кревет и да му раскажам 1001 приказна, баш колку што имам мислења. Да ме запознае од почеток, кога љубев друг, кога пеев во бенд, кога бев ентузијастична студентка... Кога страдав, гневев и умирав за да воскреснам пак. Сето тоа би му го предочила, да знае дека ме има нова. Менлива ама не променлива. Во чуден фазон на откритија сум, Колумбо маица треба да си најдам. Туш, какао, компир манџа оставена да ја варам, купишта облека исполегнати на кревет, штафелајот чека да му рснам бои... А светот чека само љубов. Ни тоа не му даваат! Се зачитав едно книжуле од италијански поет, вели дека темнината во срцето е спрега што чека светлина за да облагороди друго срце. Како јас и тој. Целосни спротивности. И така, ќе продолжам друг пат со моиве прозни блесоци.
Малку уморна имав доста напорен ден, но сепак се чуствувам добро и покрај сите ср**а што ги доживеав денес.
Денес малку имав фрки на работа, нема раат човек, секогаш мора да се покажува и докажува, инаку веднаш те газат. Малку да ја наведнеш главата некој ќе замавне со секирата. Инаку добро е, ќе шетнам малку вечер, мажево мое сакал малку да ме прошета И така, фино, фино.
Со оглед на тоа дека ми дојде теткава малку .. повеќе порано , морав некако да си се расположам . И така го направив веќе познатиот пилинг со кафе и сега сум среќна Морав некако да си го поправам расположението , зошто и онака не ми почна добро денот .