знаете кога понекогаш се ке си иде own: Денот лошо започнува, убав распоред си редила, а на крајот на денот, НИШТО не си направила ! Поголем инает од тоа нема! Типичен примерок за тоа е мојот ден денеска, значи требаше да полагам испит, а тој е презакажен за другата недела, а вчера, демек ке учам, не работев ништо, сега треба ко луда да работам, па да стигнам ! а утре друг испит имам, и тоа економија !
Скиснато Грд, грд ден, со ветер, дожд и негодувањево мое. Да ми блесне сонце да се вратам од пат со мисливе.
Подобро од вчера. Извојувана победа на работа, ќе си авточеститам на храброста за изведбата посебно во моментот со мечката, -„мечка страв,мене не страв„. Башка новине Сникерс лимитид едишн со максимална доза кикиритки+карамел се навистина екстра, . И скоро новиов ми гел за туширање има толку убав мирис дури си пишувам ми го скокотка сетилово за мирис со пријатни нотки. И јас сум навистина некој контраш како успевам да се осеќам скоро секогаш подобро на полоши временски услови,тоа никако да откријам.
Безволно, поспано, така цел ден , како воопшто отидов и си дојдов од факултет не знам, мислев ќе заспијам по улицине да се средам сега и право во кревет
Денес денот навидум беше покриен со прав,ама после го забришав. Мајка ми ме израдува со мафини,ни еден не можев да изедам,ама ме расположија. Сфатив дека немам изедено квалитетен оброк од пред 10 дена. Постеле сите,колективно,па јас трпам,а знаат дека немам време да се шлакам по кујни и ресторани!Им реков,себични сте!Ве нејќум.Татко ми ме изгушка и се осетив како да имам тЛи годиники! Жена му на мачорот се породи,не знаеме каде.Ќе си пукнам!Сакам да ги угњавам мацолите!Уууууф! Денес ми мирисаше на лето кон крај на авуст.Милина ми дојде кога ми текна дека допрва доаѓа. Многу фантазирам за летен одмор.Ми фали,без сомнеж. Финишираат работи и рокови,нек се угоде.Уште делот образование да го заклуч-заклуч,епа тамам ќе сум! Ме фаќа и пролетен умор,многу ме тера на спиење.Не сакам така...ич. Денес се потсетив на еден драгоцен коментар зошто светот секогаш ќе се сомнева во мене.Убаво ми дојде!Ми се допаѓа она што го гледам во огледало и она што го гледам внатре! Го сакам и него.Цел ден си мррррааааукаме!Јас сум неговата џипси. Убав спој сме!Еден ден,за едно 10 години од сега,ако јас останам јас,тој тој,едвај чекам да видам што спој ќе извадиме!Мора да бидат убави генијалци! Лупев домашно печени кикирики за колачи.Смируваат...сега рамото ме боли ко да растоварав вреќи со цемент. Заљубена сум во светов и животот.Пред некој ден се фатив во сец мисла,леле колку е убав животов,ама најсериозно!Па је! Лил,уз главобоља!
Шарено. Секој поединечен нокОт од прстите на рацете и нозете ги излакирав во различна боја. Пијам кафе со вкус на банана и слушам Силви Бенд! И тоа со Макфестовската - Ангели ме носат. Нешто не сум арна, вљубена ќе да сум! Ах, ќе изнапишев еден куп убавила, но не! Нежните нешта, си ги чувам за себе, себично. Само да речам - тој сака да живееме еден крај друг. Баш ме интересира до кога ќе му трае таа фантазија Пладнево ќе одам на парковска пивопијанка со моине компаратистички колеги, да ги ујдисаме Јулс и Оле, веќе 24ка ситнат, а богами и ние со нашите мевови можеме да направиме еден округол воз и да пееме низ тревјето. Ич не ми се иде на состанокот попладне, може и да го избегнам. А, да, имам 3 кг плус, заклучно од завчера! Тост, гиро, чизкејкови, чипс, кроасани, крофна во 4 по полноќ и после спиење со него, замотани во ќебе што шушка љубов, утро на балкон со кафе и телескоп кој гледа право во иднината! Абе не шарено, занесено сум денес... Фала му на него! Што е тука.
Денес? Празно. Многу грешки направив изминатиов период, и изгубив многу важни личности, за една од нив не жалам, зошто знам дека подобро што ја изгубив, ама за другите кои ги изгубив поради неа многу ми е жал, до сега не сакав да си признаам, ама не оди веќе...многу се затворив во себе, ми се чини дека ќе заглавам многу поради ова што ми се случува, оценките од 5ки на 3јки ги симнав...незнам што да правам,ни ми се учи, ни ми се седи...
Најуморно на цел свет од сабајле на полициска академија, па 2ра смена школо до 6 па на шопинг и цел ден сум во трчање а згора на тоа ми се појавија и женските проблеми денес 3дена порано-.-
Среќно и празнично, Некако денес целиов ден го посветив на велигденските јајца, прво ги вапцав па ги цртав ги правев со машнички, бумбарчиња, цветчиња и така си го потрошев целиот ден, мислам од кога дојдов од работа од 16 до 21 часот но се чувствувам убаво, некако денес заборавив на сите проблемишта и му се препуштам целосно на празников.