Не знам ни јас самата ... збунето, безизлезно ... и никако да сфатам дека не треба на се фаќам на оро што не го знам и не можам да го играм... ама ете тоа е, сега ќе мора да се носам со последиците ...
Се ми е полно рамно Среќа што е сончево на овој мини распуст... итс спринг анд ај ем а бииииииг синееееер
Денес прекрасно, онака празнично. Цел ден подготовки, чистење, средување, вапцање јајца, и други подготовки за утрешниот ден. Have a nice day
Празнично Фарбавме јајца со мајка ми, многу сум радосна сите преубави излегоа. Во моментов нервозно, поради кој друг ако не поради брат ми?? Го чекам да се врати за да му го искршам носот! Секој убав момент знае да ми го уништи, со еден е*ан збор! Ваков човек ни во книга по психологија нема!
Изморено од трчање во природа но сепак добро ми дојде малку свеж воздух и убав разговор со другарка ми
Фино, и покрај тоа што сум трета смена на работа а е празник. Вратот уште ме боли, јадам сончоглед ко на норма и изедов парче алва и сега ми дојде многу. Тоа му кажував на Иван, денес се чувствувам просечно а како да сакам да избликнам над тоа. Веројатно утре ќе биде Денот ! Како само си поминува времево еј. И самите чувства. А и живот. Доста беше философирање, одам да дремнам пред ТВ, како и секоја просечна девојка. :Р
Цел ден се убаво, опуштено, и сега при крајот од денот...БУФ...те изнервираат! Значи колку се чувствувам глупаво и нервозно, неописливо! Како и да е, можеби лутината брзо ќе ми помине (што не верувам)
Лошо, изнервирано, луто. Бесна сум што на овој убав празник наместо да сум кај баба ми на ручек, седам дома и се нервирам. Се заради моите глупи родители.
Пост празнично. Но, од постот, ни П. Додуша, успеав да не јадам многу периодов, а утрово си добив и м. така да воопшто не се воздржувам денес! Чоколадна торта - вејт фор ми! Како пупунец заспав вчера во 9 и станав пред пола час. Се туфкам што да си приготвам за појадок, моиве ми киднаа кај тетка ми, сестра ми во Охрид, а ја празен стан, со добиено. Да и се плукнам на среќата Ќе читнам нешто книга, списание и ќе се молам да ми направат промена на смена за во среда. Нормално, кога немаш вознемиреност во животот, исто како да не живееш. Проклети ритмови и норми... Но што да се прави! Ме фати егзистенцијална или криза на идентитет, повеќе би рекла, пред некој ден. Начекав една тема тука, после ќе се отворам и ќе си го допијам кафево од вчера. Ептен љубам заборавено, грч ладно нес кога го пијам 13 часа подоцна! Празников, за арно за убаво. Не сум некој верник, ама им честитав на сите што се. Истото важи и за вас мои Феминки. Во чест на традицијата, посакувам здравје и љубов, најмногу задоволни лица и полни души. Пролетта, секогаш ми ги буди рецепторите и инспираторите за уметност, малку неа ќе и се посветам сега! Убав ден, Ш.
Со оглед на то шо станав рано,умирам од досада,чекам ручекот да се напрај, носот ми течи ненормално,да можам ќе го сечам хД..се осеќам уморно
Лени Кравитс, турско кафе, фемина, сама дома... подобро здравје Пролета е засолниште на тажните души, ракол Виктор Иго и јас 100% се согласувам. Не постои ништо како пролет и јас сум нејзиното палаво дете. Цел ден ќе читам и ќе пишувам, имам инспирација, благодарејќи на мојата осаменост во која се повеќе и повеќе уживам, а вечер ќе излезам во моето омилено кафуле. Поздрав мои мили феминки