Грдо чувство, како и секогаш кога треба да го напуштам семејното гнездо. Не би пишувала ништо повеќе. Ваша Хипи.
Досадно, поспано, мрзливо, изгладнето. Се надевам дека утре ќе се чувствувам убаво зашто си одам дома и има да се изнаспијам, па ако треба цел ден ќе го преспијам.
Имав интересен ден ... Бев полна со енергија ама моментално се осеќам како некој да ме тепал некако ни физички ни психички уморна сум и тоа мноогу .... Утре најрадо би спиела до 13-14 ама .... ОБВРСКИ аааа и така од рано рано на нозе уфф ... ај нешто да се напијам па на полнење батерии во кревет
Уморно и поспано и мислам, овај, сигурна сум дека ''спиењево'' од рекордни 4 саати повеќе ме умори него што ли ме одмори, ама тоа е , мора да се учи хемија... :geek:
Се разбудив во насмевка. Фала ти животе, за преубавите соништа, и уште поубавата реалност! Еден куп промени околу мене, а тоа претерано ме радува. Како детелинка со четири листа да имам во рака. Си го пронајдов сопствениот Рај, во среќата на другите луѓе денес. Водолијата ќе менува сектор, Тањ сериозно е посветена на некој нов свој свет, даде ќе бара сликарски ангажмани, јас добив понуда од радио... Јубилејот вчера беше воодушевувачки мевлем за душа. Со професорите се изнагушкавме, изнасмеавме... А надвор врне ли врне! Ех, кога би знаело ова небо, колку среќна душа вирее под него! Ме расте со свежа вода Дома кога си дојдовме со сестра ми, што да видиме, мајка ми ги открила тајните на Винамп, рокнала А-ха и пее ли пее. Понекогаш, најновите фасцинации за постарите луѓе и те како им го крепат духот. Веднаш најдов еден куп ретро ју и направив плеј листа, за мама да ужива. Сонував како галам тигарче и како работам во креативна работилница за накит, детски играчки и слики од маслени бои. Сон во боја! Каква реткост е тоа. Навистина ми е драго. Што да речам, куса е секоја среќа, но барем трае онолку долго колку што треба. Доволно за да создаде чистина за наредните три живота. Благодарам, денес, што сум жива.
успано, мрзоволно, со едензбор ТАПА. Го сонувам креветот додека седам во канцеларија и го гледам саатот кој толку бавно оди накај 16 00. Колку ќе беше убаво да си спиев сабајле како бебенце, наместо да трчам во 8 да стигнам на работа.
ми се чини како да сонувам ...договорите одат како алва..вчера ја имав првата фотосесија а веќе имам понуда за едно студио ) ах господе , сепак сум била тука кога си делел среќа
уморно и поспано тмурно ми недостига дечкоми да го гушнам прасето да ми помини сонвав дека го имам изгубено дека не ме побарал веќе не се сеќавав на неговиот број а него го немаше во мојот телефонски именик кошмари имав тажно сум
Денес се чувствувам исто како што се чувствував првиот ден на училиште. Конечно нешто ново во мојов живот, конечно нешто на добро тргна и готово, ветувам дека веќе никогаш нема да помислам "леле а што ако не излезе се како што треба"? Веројатно паранојата во животов ми правела препреки. Но ништо не е толку тешко како што изгледа дека е. Пред некое време напишав дека сум едно скалило погоре. Денес сум пред самиот врв, барем така се чувствувам, за понатаму ќе видиме
тесно во сопствената кожа .не можам да издржам сакам да се качам на некој врв и да врскам да плачам ....а кога некој би ме прашал зошто нема да знам да одговорам .....на моменти толку срекна а на моменти никаква ...све ми е монотоно едното па исто исти луѓе исти муабети , сакам да променам нешто во животот но не знам од каде да почнам....