Летрагично ама ќе се опраам. Сонцето блеснало, седам на балконче, чајче со арома од цимет . Ник Каве во позадина. Има волшебен мир по улицава денес. Ќе поседам вака успорена а потоа се предавам на убавини.
Како и обично, со нарушен биоритам. Ова веќе не се трпи бре! Никогаш немаше да си поверувам, ама ете ја запеав песнава: Иди, иди, несанице, да не видим твоје лице! Па дури и мене сон ми треба. Море си знам јас што ми треба, ама тоа овде го нема. За сметка на несоницата, чиста си сум и миризлива, убава таа. А и корисно се чувствувам некако по полн леѓен чорапи, гаќички, маички... и по полн мијалник тегли и пластики. Се надевам дека сте ПОнаспани од мене.
премногу прфектно и софистицирано за да можам да го опишам,зрачам најубава сум.хеххехеххе денеска се чувствувам најубаво,вечерва ќе се журкам со колеги цело шише коњак ме чека дом а
Конечно убаво, фала Богу, не дозволувам више ситуацијата да влијае на мене, од сега јас ќе влијаам на ситуацијата
исполнето....денот го поминав во дружење со другарка ми..разговаравме се смеевме...се сеќававме на минатата вечер...и се така...супер беше.... happy sum
Нецелосно и благо невротично. Не сум јас повеќе за излегување. Барем не во овој град. Не сфаќам, со душа чекам да излезам, се спремам, излегувам насмеана, позитивна. Не очекувам чуда да се случуваат, шарени балони и огномети по скопските улици. Не излегувам со агенда - да барам тип, да направам тоа и тоа, вака или онака. Излегувам - да си поминам убаво. Да се забавувам. Само што ќе стигнам - посакувам да сум дома. Ако воопшто имало момент на збунетост - ова е тој. Ми фалат случки, луѓе, настани, свежи ко утринска роса. Пробувам да ја создадам промената - одбива да биде створена. И така, се' ми е бајато, мовливо, чудно ми е, веројатно и јас сум чудна наоколу и делувам наполу налудничава. I am stuck in a Rut.
Цел ден само сакам да гушкам на некого...и баш не му се гушка на никого како е можно да не сакаат гушкање бе???МН љубов има во мене
воопшто не знам како се чувствувам....на моменти сум среќна,на моменти тажна...ништо не ми е повеќе интересно се ми е момотоно...сакам нешто ново,нешто што ќе ме направи среќна,нешто што ќе ме исполни...можеби досадата е виновна за таквото чувство... но денес сум сега за сега среќна (до крајот на денот не знам како ке бидам,многу често го менувам расположението) одам да прошетам малку да го искористам убавото време.
Некако досадно, монотоно, по малку разочарано што никаде не излегов цел викенд, што не ми се има случено нешто ново од што ке живнам подолго време и.т.н размислувам за еден дечко од интернет...така го запознав, од ист град сме, ама не ме познава а јас го имам видено само еднаш се мислам како да го пополнам продуктивно времево што сега за сега го имамм на претек, но не за долго и не знам, се чувствавм пасивно, неисполнето
и јас исто...хм, ко сама да се опишувам сега знам дека има и полоши ситуации, многу полоши(скраја да е), ама не знам сакам промена, сакам нешто ново,не очекувам многу, очекувам луге слични на мене, ново другарство, нова личност во мојот живот,, можеби малку лубов, едноставно да се насмеам онака , да ги почуствувам во вистинска смисла младешките години и да, ако некој ми рече дека сум чудна нема да се чудам зошто
Срце на готовс за романтика, а од романтика ниту р, пак и романтика во соло некако не оди, пардон, не е баш соло, родители по куќи шетат, мачка мјаука од сношти, ќе да е и таа печена за романтикување со нејзин Марко од комшилук... ма Марко скитниче, ништо чудно деновиве тате да ја брка по дворов кај бабата доле, обично, а романтика ја перне по глава, душа нејзина рипа преку тераса, да де телото не и останува тука побогу. И ват то сеј, ај фил сексуљаво некако издуено во стомакот од премногу јогурт и јаготки, осеќам време е на вежбање да се вратам, но романтичниве побуди ме дефокусираат. Би да сум било каде, но не и тука, ќе да ми се враќа во едно време, кое тешко да го вратам, па макар да си ја продадам душата на другар ми Ел сењор Диабло, но што е тука е колку сме толку сме, важното е дека за никаде не сме. Тоа е всушност, потреба некоја за романтика имам од рани зори. Атмосферата е таа, создадена, фали само еден суштински детаљ... али можам јас и без него. Филм, ќе да е решението, ќе придонесе за недостигот на квалитетна и реална... ма и чоколадо ќе надополни се’ што недостига, во чоколадото е вистината.
Уморно! A ме чекаат многу работи, па уште и гости ми фалат!!! E ме фака нервоза готовоо!!! Tака сум поспана, што уште сум си во кревет и не планирам цел ден да станам од него!