Со тек на време, станувам циник. Веројатно си доаѓа тоа со ситуациите, животот, работава, некои мини фрустрации на кои сакам да поработам... Како да речам, ќе згрешам. Времето ќе ме натера да решам. Аман, и во проза почнав да римувам! Нејсе, сега ќе јадам кифлички со ајвар, и ќе сонувам со ширум отворени очи, да ми капне малку од небесниве солзи неделни. Есен надвор, во душава - сите годишни времиња. Се чувствувам, по којзнае кој пат, потврдено во сопствената болка. Но, ако. Се’ тече, се’ се менува. И еве ти го мојот сладок бенд, кој вели дека веќе и не е важно. Па, и не е. Се имам себе, секогаш. Така вели А. А јас, замисли, го слушам. Нешто ми игра... Молчам, да не изгорам. http://www.youtube.com/watch?v=T3FRpiHb ... re=related
како се осеќам????? најгрозно, во моментов смислувам со кокј отров да ја отрујам сестра ми, се мислам дали за цијанид или солна киселина....
Денес... тажно, нервозно, збунето, чувствувам голема тензија, не знам што ќе се случи за саат и пол , незнам што тогаш ќе направам. премногу сум брза и сега една бројка може да ми го смени целиот свет
Многу меланхолично од ова веримштево (ај нека се оправи веќе), а во пакет со времево идат и други работи
Нервозно, глупо, напнато, разочарано... па и капак на се ова дождов па кога слушнав уште две недели ќе било вакво времево ауу
Како да сум качена на некој монструозен Roller coaster па одиме праволинијски и тука чувството е сигурност, смиреност. па одиме нагоре, чувствуваш благ притисок кој се покачува како што се движиме се погоре и погоре. пак се искачуваме на врвот и тука уште пред падот мислата е Ох Боже во големи л’јна се зацапав. и онда иде down down down down.... пак up, up, up mood-от се враќа. И навлегуваш во фаза на се’ едно ми, шта буде нека буде. Ма ок сум си, смиреност, зен моментум... Горе-долу грд ден. Без многу надеж за подобрување.
Намуртено, исто како времево. До кога планира да мрзне. Ова не личи на месец мај, температура од 9 степени ме асоцира на октомври-ноември
Исчекувателно. Го чекам нападот од теткицава. А времето баш ми е убавко за јадење на зелени сливи, со роса од дождот.
подобро од вчера, полошо од утре Се на се, подобро ми е, вредеше листата на неговите негативни работи што ја направив и залепив на ѕид! Барем се потсеќам колку НЕ си за мене! И ќе ме видиш исправена на нозе, многу побрзо од што мислеше!
Никако. Не знам што е работава ден е ок, др ден е за нигде, па пак така и се си се врти во круг, никако да тргне само на добро работава. До мене е, ама толку сум безволна да сменам нешто тоа е чудо Си се тешам од времето дека е
Многу нервозно се чувствувам, дури се тресам од нервоза чувствувам огромен притисок дека треба да положам се до јуни- и тоа страшно ме мачи, ме мачи и тоа што излегов до продавница и се збунив си реков да не е случајно Ноември , па и фустаните што требаше да ми се готови пред 1 месец уште се изработуваат, реков не ни одам да си ги земам јас немам друга работа ќе се тегнам до таму секој ден, па и настинав како капак на се, и не ми се прави ништо сакам само да се завиткам во ќебето и да спијам, а не можам, утре полагам Ми се собра се, и ми доаѓа да излезам надвор и да викам на цел глас дека сакам да ме остават на мира, не сакам да слушам ни нечии љубовни јадови, ни нечии муабети кои одамна сум ги поминала а уште му се интересни на некого, не сакам луѓе без цел, без никаква воља за ништо освен да имаат дечко/девојка, не сакам ни да читам досадни работи кои не ме исполнуваат - сакам сонце, сакам кога некој ќе ми вети дека до тогаш нешто ќе е направено така и да биде- сакам да истражувам, да работам нешто што го сакам а не да минувам низ ова Не можам, да бев пушач ќе испушев една цигара и ќе искулирав, а вака морам со тешко срце да се довлечкам до книгата и со огромна само дисциплина да читам. Морам да се издигнам над сето ова, морам.