Измрзнато. Имунитет пред колапс. Нос, пред почеток на голема поплава. Очи црвени, жарат од внатре. Глава пука ли пука од сабајле. Настинка не погоди гадно.
Супер, само уште ми фали да си заспијам и да си го викнам мојот клон да ми ги заврши останатите обврски
Замрзнато, заедно со речиси прекапаниот јоргован и сладоледот од малини Мислам,кој ефект од моево супер-упер расположение, од веселото свиркање и ентузијазам, кога немам каде да ги истакнам? Тоа е! Се помирувам со фактот дека иде зима! Толку.
Денес бев имуна прилично на лошата близначка од подзнаков , успеав да дувнам и изгаснам неколку палења на кусото ми фитилче и така си се гордеам што не си предизвикав доплнителен мес кој сама ќе требаше да го расчистувам во блиска иднина смајли домаќинка со метла што мете. И чудно, но вистинито мува не ме лази поради временскиве (не)прилики јас мајов само како ваков и го помнам, да е поинаку ќе ми е необично. Уморот во извесна доза ми стана хроничен придружник џоа сенка ми е. Ми треба некоја промена, трагам уште по одговор на прашањето каква, само ме нервира фактот што сфаќам што навистина сакам кога е прекасно или ќе изгубам интерес, а си имам во себе скакулец синдром т.е. брзо губење на интерес и преминување на нешто друго, како во колона некој да довикува „некст„ ,а од другата страна има корпа за отпадоци за веќе отфрлените и изживеани обиди... Ај кен гет но сатисфекшн,...
uff neznam so da pravam ,mramori mi trne levo ramo noga,me stega gradiite... se si mislam deka kraj ke umramm... so da pravam pomagajte [mod-kirilica:34d37qst][/mod-kirilica:34d37qst]
Возбудено, ќе испаднам од дома по којзнае колку време... оу јеаа оу јеа оу јеаааааа Нема да имам лонгета, ќе имам П - А - Т - И - К - А!!!! И едвај чекам да се сликаме за табло, аман веќе, последни во се. Многу се возбудив денеска, ми личи на убав ден.
Ми се спие ми се плаче И ми доаѓа да си легнам и да преспијам цели две сесии и еден семестар и за Нова Година да се разбудам, како препородена.
Па фино со оглед на тоа што имам работи за кои што треба да се напињам, ама си кулирам Нескафе, убав доручек на тераса, и сонцето е тука, и тук там по некое облаче, и место да читнам уште 2-3 пати за колоквиумот јас си читкам по фемина... што чеш... се ми се прави освен што ми се учи тој глупав предмет.. мислам.. машини и алати бреее
Исплашено... Покрај многуте трошоци кои моите моментално ги имаат јас уште ова,а знам дека нема да ме одбијат ама сепак се чувствувам како да им сум товар.
Прекрасно, најсреќна сум!!! Рано по сабајле почнаа убави вести да стигаат до мене! само колку многу ми требаше ова