Чудно, многу чудно .. некако вознемирено, па тажно, па воздудено, абе незнам шо ми е, па мака ми е абе за нигде
Како цел ден да сум менувала гуми и тоа на штикли!Како коњ да ме исцапал! И потоа со трактор ме изорале! Евентуално ме поминале и со валјак! Извичник!
Исцрпено. Си купив шарени патики за да го истерам бесот од себе. Одвратен работен ден, полн со стрес, паника и неблагодарни суштества што би ги утепала со секира. Без око да ми трепне. Да, мизантроп сум денес. Иако, откако си отидов од Излет, имав мачешки влакна на блузата од мачакот Севда, и еден куп двосмислености, знаев што ме чека. Минимални радости. Туш и зрнца маслинка пилинг врз кожата, топло кафе, салата од морски плодови и еден куп насмевки. Си ја загубив омилената качкет капа денес на автобуска, и ми доаѓаше да врискам. Потоа, си реков, ват а фак, тоа е само капа, замисли да си ја изгубев главата? Иван кидна у Ниш, ме нервира цело време нешто, ама пак си го сакам. А, А, во широк лак, правам приближи се, избегај, приближи се... Избегај. Тактики, којзнае дали со свесност ги правам или отпосле ми текнува. Неам поим. Медицинарон ми рече дека сум била како сонце што грее. Да ми ја види душата само, каков пепел има врз неа... На крајот, секој расте со различна брзина, нели! Еке така вика и ми се смешка како зајче. Тањ направила брилијантен документарец, се гордеам со неа и знам дека ќе и дојдат 5те силни минути. Сакам да исчезнам. А тој ме вика да водиме љубов и да го гледаме Рио. Јас, не знам што ми е. ПМСот напаѓа отпозади, педерски. Чувствувам напнатост, а немам одбрана. Ах. До наредно Чувствување. Ш.
Не само денес, веќе подолго време сум разочарана ... како да не ја разбирам суштината на животот. Не наоѓам задоволство во ништо. Го замислувам мојот живот без него и гледам само пропаст ..... а тој упорно ме лаже за глупости Веќе неможам да издржам, врискам од внатре ааааааааааа
Како што се чувствував вчера , завчера ... така и денеска секој ден се исто како робот станувањее во осум и триесет миење кафенце и лап-топот пред мене и ги изигрувам сите игри на фб чепкање низ страници , форуми ...ме мрзи да излезам од дома... Доаѓа ручек време потоа уште час на нет и потоа преспивање до десет часот , потоа излегување шеткање и повторно дома , гледање филмче и во кревет Единствено што ми е забавно односите и разговор за изминатиот ден на партнерот , зошто мојот е се исто сееекој ден Девојки дај кажете некоја занимација што не е седење пред ком.
По не знам кој пат, никако Имам премногу за учење, а воља 0... и пак сум зошто ми недостига премногу, зошто денот поминат без него ми е изгубен ден , а сакам да се насмеам верувајте ми многу сакам... не можам веќе вака, стварно не можам
Весело, смешно, ведро, насмеано, возбудено, horny&kinky, палаво, ѓаволесто, убаво, заводнички, смирено, па растреперено....тобоган од емоции и состојби, не толку далечни една од друга. Некој ме сака. Некој ме гали. Некој мисли на мене. Некој ме смее. Некој ми дели комплименти. Некој ме тера да се чуствувам проклето секси. Некој ми ласка. Некој ме штити. Некој ме изненадува. Нешто ме скокотка. Си купив плус една разиграна релативно кратка сукњичка, така по малку шарена (не цветна! карирана ама на косо) и толку ми се допадна како ми стои што заиграв ламбада пред огледало пробувајќи ја и вртејќи со колковите Абе една сукња што може да ти направи. Цел ден! И цела пролет, без ластовичката! А не е само до сукњата, јасно ми е
Денес сум најубава, со најубави образи и таинствен поглед. Со секси задница и предница. Со весела појава... Се чувствувам како мачка со големо его.Мјау! Фала на прашање.
Е знаете како се чувствувам денес? А богами и во последниов период. Можеби е малку чудно чувствово и тешко е да се дефинира.. Ама ајде ќе се обидам. И онака не боли. Се чувствувам онака, so full of myself that it hurts. Како, знаете ли која сум јас, можам сите да ве срамнам на земја. Јакичка сум, ќе поднесам се што треба за да бидам победникот. А пукам од самодоверба дека ќе бидам . Малкуцка сум нервозна, со допринос од иронија и сарказам. Ај, сега да се обидам да го прикажам сево ова сликовито. Hey, life, I'm here and I'm ready to order! Знам дека изгледа смешно, знам дека самата јас изгледам смешно ама што знам, се чувствувам подготвена за да исчекорам напред и се издерам на целиот свет. Дека јас сум најдобра, дека јас го сакам само најдоброто и тоа и ќе го добијам! Дека конечно знам што сакам од животот и повеќе не се двоумам. Сега, дали сите овие чувства се добри или не, ич не ми е гајле. Барем јас се чувствувам добро во сопствената кожа и она што го правам и чувствувам. Хо!