расположено со расположение до максимум, утрински досадно на работа па после работа шеткање и смеење. Малку сонце и го крева адреналинот и некако сакам да успеам да ја живуркам пролета ама времево не ми дозволува. Сепак не дозволувам времето да расипе се што сум си планирала
Ко компир варен. Бев да си ја купам капата бр 2, и шапкарот не работеше мамицата негова! Мала дигресија - заспивам со најстуден маж на светот и не знам зошто го правам тоа. Да, ме стрефуваат такви моменти, просто не можам да си поверувам. Оф леле, кај ќе ми биде крајот мене, не знам. Во поле со сончогледи кај што ќе бидам страшило. До нареден пат, со повеќе емоции. Отупев од сите премислувања. А, господинот перверт ми ч'чка по интима, ми ги опсипува облините со комплименти.... Јас што? Му велам дека место пивопија ќе одам на собиранка со средно школо. Г*мна. Апсолутно не ми се свиѓа денов.
Не само денес ова ми е од Понеделникот и не знам до кога ќе трае се надевам дека брзо ќе се претвори во
Чувството после изедени 2 чинии со домашно гулашче и макарони- прајслес Абе супер се чувствувам, ме има фатено некоја еуфорија деновиве, мислам од кожа ќе си излезам Ај за арно нека е
Преубаво. Рипнав од кревет прв пат по неколку месеци при првото викање на мајка ми. Кафе и појадок и оп на факултет. Се смеам ко луда, ама убаво ми е. Само нека продолжи вака.
Како да ми брцнал некој во очи. Само ми солзат аман веќе. Имам некој немир во мене ама ќе ми помине. Туку се чудам колку луѓето за да си го нахранат своето его паѓаат толку ниско. И за да се покажат дека се нај нај се ќе направат. Иако ми примија 3 фотографии повеќе не праќам на натпревари во нашава земја. Циркуси се. Барем праќав за да видам до каде сум, да ме искритикуваат ама ни тоа не можеш да го добиеш од такви греоти инволвирани во ова. Се чудам, ама тоа е. Јас ќе си продолжам да си чекорам тивко како до сега, и пак се надевам да ми се насмее среќата како за во Индија и Србија, а они нека се плукаат таму меѓусебно.