убаво и по малку изненадено. се видов со мои драги личности и супер си поминавме одамна не ми е бил таков денот а и на крајот добив порака од личност со која бевме многу блиски делевме лошо и добро и после неколку месеци зафатеност можеби и текна дека има другарка.
Немам никаков мир во себе. Никогаш во животот не сум била волку не средена. Среќна сум бидејќи знам дека тој постои и дека е тука за мене. И само од тоа живеам. Ни храна, ни учење, ни другарки, ни родители, ништо друго веќе не постои. Дури неможам да се сконцентрирам да читам книга. Многу ризикувам, премногу. Не ми е жал, нема да се покаам дури и ако се заврши лошо. Само да помине оваа бура со него и ќе се средам, морам да се стабилизирам. Само се да биде во ред... нека се исплати ризикот.
Оф... чудно. Како да ми се потспива, а знам, ќе морам барем маалце... да отпсијам. А вечерва - па све до зоре
Дејзд анд конфјузд можда ?!? Ќе да на враќање од писоарон в куќи, не само што си навлеков погрешни гашти и облека, но ми се чини дека и некоја туѓа кожа си облеков. Или... ?!? Е ова е моментот кога не возови низ глава ми поминуваат, него цел артилериски арсенал, сосе пешадија и воздухопловство, ама она русконо што го покажуваа на Денот на Европа. И, кога некого сте закопале во мислите и тоа добро сте го закопале, пак и цвеќенце сте му засадиле, онакво жутко, полско цвече да му мирише лепо и ти пишува порака: „кога ќе частиш кафе .... (е тука ти иде милото ми надимаче со кое ме нарекуваше)?!? WTF или кој те тебе ф*кнал у мозокот ?!? Кожичке кожичке, ју ар нот мајн, ај ем нот јорс, АНД ви ар нот ин лов. Пиша еднаш, ај ок. Пиша втор пат, аман, Пиша трет пат, е вишем иди у .. Пишуваш четврт пат побогу у рок од една година, дотолку не најде ништо друго вредно да ме заборавиш. Ма фати ми се за тоа виснатото ми меѓу ножињава, што го немам и проклати се убаво, ко на љуљашка. Фак ју, ајм а сервајвер... оваа Лени ја пееше за таксистот, ама ја можам за овој, не ќе ми се лути .
Денес се чувствувам расположена за разговор!!! Опуштена среќна,комотно сместена надвор на чардак,со пријатно друштво,со кафенце во рака,атмосфера на ниво.....ја сакам оваа ден-прекрасно ми почна!!!!
Јадно и омаловажено. Ја прибирам негаривната енергија од секое можно тело за да можам после на право место да ја исфрлам. Дали се менувам јас? Испливува нешто на површина кое било притискано години наназад? Се затворам во себе и ѕидам ѕид. Полека ама сигурно, тула по тула редам. Од гневот и солзите правам малтер и притискам со сета сила од душа. Што и да е, живеам во свој филм. Гласам за реформи со наведната глава. Болката е голема а раните длабоки. Не гледам веќе со други очи а тоа води кон злото... Би играла со ѓаволот за трошка љубов...