Чудно,да не речам како глуварче.....Ме има на сите страни,во сите соби со фул опрема и хемија за чистење. Работната недела заврши,но обврските по дома???Никогаш крај. Како и да е ,ме полнат со топлина насмевките на моите две сонца додека уживаат пред тв .Вечерва рано „би требало“ да си легнат ,да се завршат сите „активности“,а после да се остане до доцна во ноќта.Зошто?Па проект од работа(што можеш денеска не оставај за понеделник). Ќе имам сила?Секако,јас сум мајка ,сопруга ,признаен и вреден професионалец во својата струка ,јас сум супер вумен
Земајки во обзир дека е петок 13 се цувствувам одлично ... само се надевам вечерва некој баксуз да не ме фане хахаахах ....
Се чувствувам...неодредено.Среќна сум што се добро помина денес, ама истовремено сум многу загрижена за тоа што ќе дојде во вторник...Несигурна сум, не знам дали ќе можам се да завршам, а истовремено се тешам дека има време...Ќе средам се, ова не е ништо за мене
Малку, така магично. Сама по себе, веројатно зошто цееел ден се шетав низ парк и низ град, апсорбирав секаква енергија, позитивна, шарена, налудничава, чудесна, манијакална! Јасно ми е дека нештата се така фино променливи, што просто си го живеам животот. Се качив на сцена, пеев, јадев хамбургер со даде, сладолед со Сандра, погледи со А... Сега, со прекрстени лотус нозе слушам Кокту Твинс, поточно ова : http://www.youtube.com/watch?v=hxSMckGfQ2k и му се радувам на уморот. Оти ме тера да бидам дисциплиниран уметник на сонот. А под креветот мој, еден куп соништа и книги... Утре, нов ден, нови воздишки!
чекав некоја промена, и таа дојде, ама си носи услов Се чувствувам неодлучно, а треба да бидам одлучна. Како да сум јојо идам нагоре па надоле ама само така, ни малку лево ни десно. А ептен сакам да одам налево. Или на десно. Сега решив да си чекам знак. Мора да дојде. На мојата имењачка во цртаниот филм и дојде, ќе ми дојде и на мене.
Среќно Убаво, релаксирано, лесно, меко, нежно, прекрасно без причина. многу убаво весело чувство, онака баш пролетно