Одлично! И покрај настинката што уште ме држи, и покрај тоа што се дечко ми сме поткарани, и покрај тоа што времево е тапа, јас сум си насреќна! И нема поголема среќа од таа да откачите предмет и да го средите уште во колоквиумска! Oooh yeah!
Воодушевено (cynical) Мхммм...да, да, точно толку ми требаше за да се почувствувам, чунки јас не бев таа која се чувствуваше, туку вие ме чувствувавте. А и ќе ме чествувате Aуууффф, какво расположение имам, немаТ да ми го турнат одредени персони, кои за жал, и сами не се криви што се недоволно интелегентни
Ако денот се смета после 00.00 часот, ова е ден кога уживам во љубовта што ја добивам од другите. Ги сакам сите оние кои ме сакаат, ги сакам оние кои ме прават среќна и исполнета, едни креативни и луди души кои ме тераат да се смеам смотано небаре имам 5 годинки. Моите другарки кои нажалост не се тука со мене физички, ама духовно никогаш поблиску не сум ги осетила. И едни две прекраснотии од овде во оваа група се, едно имам само да кажам, среќна сум што ве знам. Дишам задоволна...Денов започна преубаво...
Денеска сум во црно-бело издание. Еден е негативецот, оној секси типацот од бед ес м*да ф*ака кајнд, еден е џентелменовскиот ХОТ и ХОТ каскадерски детектив, и уште по една е цуцата со џишка црвено карминче на усни. Цигари не пушам кога сум болна, а уште помалку ги пушам кога сум здрава, затоа и во ова блеки анд вајти филмче нема да му дувам во фацата на детективот со напупените ми усни. Пак и страв ми е да не му пренесам некоја ватрена љубавна клетка, та’ да го тресе деноноќно дур ме повикува и на јаве и во сон или поскоро ме отпраќа кај што пиле не пее. Имам и нешто друго црвено очи пуни сузички и испукани капиларчиња... крвнички поглед, ист ко на куче скитник што чека да го прибереш на топло. И топло, тоа е зборот. Осеќаш топло од внатре ГОРИ ВАТРАААААА!!!! а и осеќаш ладно пак од надвор. Па, ќебиња и ќебиња околу нозе, половинка, врат, глава се да умотам да не ми измрзне. И топло чоколадо да имаше некој да ми направи да не морам да станувам до кујна Носот ми го голицкаат од внатре, ко цела армија од минијатури да ми прска љуто пиперче во прав па ме тера да кивам ко луда. А, изгледа и некој ми го гризнал врвчето, па ме боли и црвенее ко Були да сум на моменти. Црно-белиов се мислам дали да го пуштам, он е во колоритно издание, но за мене се е безбојно денеска, освен црвеното. Пошто така некако се осеќам, црвено, ко вклучен да ми е алармот и вришти од внатре ВИРУУУУУУУУУУУУУУСССССССС. Антивирусот го инсталирав синоќа, па дур да исчисти се, ехе... црно-белово издание ќе потрае.
Моментално, прв пат после 3 години, апсолутно преплашено. И разочарано. Зошто не ни кажуваат дека нешто не е во ред? Демек не штитат или? Ќе ми треба да стиснам со заби, ама последиците од годините поминати по болници, си го прават своето. Ги мразам, и мразам да стравувам. Повторно.
Ааааааа.... толку се радувам кога поминувам време со неа. Па уште и со Мајче на телефон, светото тројство на едно место, макар и преку жица...
Како да сум фрлена во преголема доза на Варикина и Доместос е така испрано т.е. табула раса на емоционално ниво, со очи кои паѓаат како на Том на цртаниот би ги залепила со фластери ама ќе си ги депилирам веѓиве при вадење. Ама без штирак да не ме кочи . А нема и кој да ме пегла, . На работа се дружев со еден комарец цела смена се хипнотизиравме меѓусебно па кога дојде колешка ми и велам не ми го чепкај другарчево - се знаеме, . Изгледа јако ме хипнотизира комарецот, .
некако тапа, на работа досадно не ми се работеше абе една мрза кога ме фати....... Се на се времево е кривоооооооооо сакам сонце
Како оскубана кокошка, која го отслужила своето и дошло време да ја изедат. Ајде дарлинг, грицни ми од грудава, или ти би повеќе од моево темно мевце на копанот ?!? Ааа ? Ма има мазохистички да му се изнауживам на секој твој залак ! Пошто настинкава нема јас да ја имам после ооооу ноу ај вОнт Ма ко’ циганска клетва има да ти се залепи меѓу предни два зуба ! Грицни , грицни , ајде ...а да и пази на црвеното