Денес? Епа многу изнервирано. Премногу. Толку сум нервозна што само еден поглед свртен кон мене ке те стресе. Вријам од бес. А знаете што е најтрагично? Што не ја знам причината. И пробав различни начини да се смирам ама ништо не помогна. Е стварно сум...
Покајнички, преспав поголем дел од денот па ме убива главоболка. Така поспана отидов во банка....а денес е ПРАЗНИК! Ај, бидна бар едно кафе испив во град. И така
1.Ненаспано 2. Прејадено..од благо. О мај гад. 3. Смотано 4. Од време на време со главоболка 5. Не ми се учи 6. и тако даље и тако даље. Ми треба среќа, многу среќа за утре. Дали ќе бидете добри колку што сте убави, и да ми ја позајмите вашата среќа на кратко? И тоа, без врска си губам од времето, кое ми е такоџе многу многу скапоцено.
Ааааа конечно наспана. И малце изреволтирана од Марфи, фак ју! Абе толкав баксуз сум чудо некое... и дали да излезам...? Прашање е сега! Да излезам... да не излегувам... а што ќе правам дома ако седам? Ништо! Ќе се досадувам само. Море ќе се дотерам и ќе излезам. Епа да!
Се што ми фали е билет во еден правец за било која дестинација, кој вклучува преку 24 часовен лет преку неколку мориња и океан по можност и истиот да ми се испорача до полноќ. Токму да имам време да спакувам најосновни работи и да заминам. Така некако се осеќам денеска, така се осеќав и вчера, завчера, всушност ова е веќе некоја посериозна криза за нов живот подалеку од сите што ги знам и познавам. Така да би сакала некаде, доволно далеку да не може никој да ме најде, да се сети дека постојам и да помисли дека јас сум им единствената и последна сламка за да се фатат и да се спасат од нивните срања. Жал ми е драги мои но јас веќе ги истрошив сите сламки што ги чував по џебовите, дури и оние внатрешните ги исцедив и веќе немам ама нити една, а богами немам ни за себе. Така да би била преблагодарна ако од нигде-никаде се појави тој билет со една зелена карта, овој пат вистинска не мајтапење и *бење во здрав мозок. Јас сум спремна да исчурам од тука еднаш засекогаш, да си затворам фејсбук и слични мрежи за мое експресно лоцирање чиниш им оставам трага од себе, па сите и од детството заборавени личности се сетиле да ме уловат преку порака во инбох и да ми ги прераскажат своите приказни. Ах, ова е ден кога посакувам да сум како другите, да не ми е грижа за никој и ништо и сите да ги одј*бам со еден блок.
Денес сум прав трансформер на чувства, денот го почнав со револт кон дел од моите колеги и на работа отидов како нагазна мина која на моја голема несреќа никој не ја нагази. Потоа еден период ми беше беспричински спокојно и скоро убаво, за да сега сум во моето вообичаено чувство во последно време - ни лук, ни киселина.
Мешано. Една моја половина е поспана,вришти за кафе!!! Другата половина...така целата ококорена чека да види што ќе донеси денот!
Победнички убаво Пред се се изборив самата со себе, тоа ми е најголемиот успех. Ретко кога јас ќе кажам дека сум задоволна, тоа се случува еднаш до два пати во година.
Испомешани чувства... пред неколку часа убаво ме извадија од такт но еве сега некако полека се смирувам
Ужасно. Би сакала да речам дека ми е подобро од вчера, но сеуште сум на истата скала. Очите ми се отечени од плачење. Едвај чекам да си замине денов. Немам ниту концентрација, не можам ниту да учам. Се` што би требало да го кажам, го има во песнава, така да: http://www.youtube.com/watch?v=VNYLIlwyI08
Како бетонско здание измазнето околу еруптивно вулканиште од кое час лава излегува, час експлозии се слушаат. Уште еден од многуте грди денови. Да видиме утре што грдо ќе не раздени.