Осечам се како, осемениот каУбој, кој како по обичај станува пред денот, да не заборави милиот дека му е време за станување, па каУбој Патам од инсомнија го скорева со едно нес кафе... да го дигне од зори. А, можно е просто да се осеќам и ко коњот на осамениот каубој кој го оставиле пред вратата на кафаната, па премрзнал и нормално не можел да спие од певаљката што се дерела цела вечер. И то.
Маааааааалкуцка поарно од вчера. Ама фино ми дојде вчерашната дружба, убави тие, дома да не посакаш да си заминеш. И да, сфатив, не е се‘ така лесно... наредниот пат ќе биде подобро, ветувам. It's a deal dude
Како да сум изела куп волна. Стомакот ме стега, во секој момент можам да повратам а се чувствувам и како да сум изела картон. Башка си израчунав и пресметав дека кога сум на одмор баш тогаш ке добиам менс. Е браво. Пола одмор нема да можам изгледа да се бањам. И така. И а да, љута сум му на животот. Е де, тоа не е нешто ново. Ама добро, on the bright side- утре одам во гоооолем шопинг со мама. Yey. Штета, од толку грижи не можам на раат да се порадувам.
Ужасно со оваа главоболка која ми трае уште од кога станав се чини дека и аналгинот повеке не ми делува
Разочарано...болно...многуу непријатно чувство....од како некој кој ви значи го фатите на лага би се чувствувале така како што се чувствувам јас во моментот...катастрофааааааа
Како кока кола ?!? Јок! Како да сум била во шише пуно кока кола, оставено на разладување во фрижидерот. Пак меурчињата ме опиле, шеќерот в глава ми удрил, а тој кофеинот в нос ме голицнал. Газирано се осеќам. Кивам меури и солзам шечерчина... онакви коцки во боја Додадете и еден хамбургер... од 7ца купете го. Е, се осеќам како марулата и доматите што заборавиле да ви стават внатре. Ама знаете зашто, пошто никогаш не ставале домати и марули. Овената сум денеска. Вие сепак изедете го хамбургерот, а за мене компирчињата. Резервирајте ми ги за по неколку дена. Толку ќе трае веројатно ова чувство. I feel like no where - no how
Имам една кнедла во грлото цела недела и никако неможам да ја голтнам. Станав рано, неможев да спијам иако очите ми паѓаа за сон.
Прекрасно! Исполнета, среќна, весела Сабота бе луѓе, не ми се веруваше кога станав дека не треба да одам на училиште.. Па трк до бањата си удрив еден туш, па сега музика до максимум, временцево убавко, дечко ми конечно се вразуми за нешто, имам покрив над главата и луѓе околу мене кои ме сакаат и ги сакам. Среќна сум!
Домино,што се нервираш,затоа постојат тампоните,мислам ако немаш ништо против да ги користиш.Не дозволувај такво нешто да ти го уништи одморот.Гледај на светлата страна,не секој може и да си дозволи во денешно време да отиде на одмор.Така да,уживај си во шопингот и разведри се.ЖИВОТОТ Е УБАВ
Нерасположена..онака без никаква причина мрзоволна...сеа треба да излегвам аа мене од столче не ми се станва...сигурно до времето е
И јас не знам... На секоја минута ми се менува расположението, а не сум во ПМС Се чувствувам евентуално