Разочарано, многу разочарано. Од толку другарки, од толку '' добри '' другарки не ме прашала ниту една како ми е и како се чуствувам јас. Тука се за искачање, кафиња и ред други работи. А ниту на една не и текнува да праша што се случува со мојот живот како ми е. Не се случува ништо страшно, но ете се чуствувам многу лошо, некој внатрешен немир, ми треба другарка што ќе ме гушне, што ќе биде тука кога ми е тешко. Со личноста што требаше да искочам малце зафркна нешто ( по 100 пат ) и се накурчив до бескрај и сега ме моли да искочиме. Не прекина да звони на мобилен, а и кај и да е очекувам да се појави кај мене на врата. Не ме интересира, спијам за неа ако дојде ! Денес сум само своја. Си направив нес, цигарчињата до мене, си слушам песни, после ќе вежбам малце, па бањање. А, кога ќе им биде на нив тешко напротив нема слушам што зборат, ќе најдам јас да ве позамарам со нешто малце !!!!!!! Вртам лист од денес. Нема на сите да ви изигравам добрата другарка што секогаш, ама секогаш е тула да ве извади од го*на !!!
Депресивно, мн ми е тешко, се ми се собра на куп....... Се чуствувам како цел свет да ми се распаѓа..... Се прашувам зошто живееме!
Прекраснооо, роденденски расположено, денес е мој ден и со љубовничето ќе си го прославаам најубаво и најслатко
Кој ѓавол ме тераше да излагам? Ме фати грлото, баш сега. Се чуствувам како подувана од сите свирежи што ги чув низ град. Аман више нека завршат еднаш конечно изборите.
Како што веќе и кажав на Спаркс Дефинитивно забегав со концертов. Се осеќам како главата да ми е кај стомак, г*зот над врат, едната нога кај увото, другото уво под мишка, а рамото на земја. А душата ми лета.
Се чувствувам како "is-no-good" - везирот од цртаниот што го даваа на Телма пред некое време. Мака си имам како и он, само не би јас да станам sultan insted of the sultan
Како исцедена крпа. Долг ми се виде денов. Притисокот ми рипна неколку пати, такихардија ме уби, мислам дека тесна ми е државава, претерано тесна и се потесна ми станува колку повеќе читам и гледам вести. А, животот е толку убав, проклето убав и проклето многу други ствари има да им се радувам. Значи решение на равенката од главата... од утре, повторно замрзнуваме политика. Баш убаво ни беше со зеленилото и сиромаштијата. Тужно и ружно е, ама баш затоа си таму.. да смениш нешто. Има сатисфакција у тоа. Не знам, посакувам да им дадам на двене конкретни здруженија за вработување пиштоли и да ги однесат со хилихоптери до Криволак на некое неодредено време. Нек се ловат меџусобно. Кој ќе преживее иде у ќорка или не, зашто да ни завзема кревет, пак и да јаде на државна сметка, доволно им беше... ма го пуштаме у кафез со лавови, не онакви де не.... Се осеќам заникаде едноставно. А денот убаво почна, убав бе. Утре мора да е поубав. Ма од петни жили има да се потрудам да го дотерам па шо сака нека биде.