Онака.... Времево ме фрла во депресија, денов е некако чуден Сакам да се најдам со друштвото исто како и синоќа..и да испиеме 1 литар коњак со 2 литри coca-cola и после да шептиме до сабајле Е да, ќе се мава diamond после во фрижидери и ќе си мисли "како успеа куќава сама да ги помести работиве за баш јас да се чукам во нив"? хахахах И да не заборавам: Оној кој не "вечерал" алкохол, не знае колку е слатка водата наутро
Чудни чувства имам денес. Ми се спие.Легнав да спијам, неможам. Срцето ми чука 100ка. Секогаш ми е така пред да се случи нешто. Или пак ми е од онаа глупава тахикардија. Оф боже. Во целост, утепана сум.
Мутирано Никако се чуствувам..... Немам денеска осет за ништо сад ме видиш сад ме невидиш 5 мин - 5 мин - 5 мин - 5 мин- 5 мин - Те така да не знае човек како да ми погоде денска. Треба ми така некаде да се извикам аааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа
денес некако глупаво, кај што е недела најдосадниот ден во неделата кај што времево е тапа и се некако наопаку ми е денес!Едвај чекам да заврши денов
Kako и сите изминати денови, плус овулациски, запалено, романтично и бездушно. А бе кај мене мава така одеднаш, едно та исто, едно та исто, па после скрос спротивно, битно нзс нема, и уште побитно пак сум жива
Нервозно, живчано како атомска бомба. Среќа сум сама дома оти со првиот што ќе ми дојде ќе бидне и Хирошима и Нагасаки. Аман веќе и со факултет, и со глупости, и со луѓе. Сакам да бегам, најозбилна сум. И тоа ќе ја затерам на Сибир во шума со снег и волци. Ете само тоа ми треба. Ни храна не барам, листови ќе јадам. Ох глупав, глупав свету, дај смени се веќе. Ова е очајно досадно. Барем Ромео и Јулија планови за бегство смислувале и писма си пишувале.
Напнато, напнато, напнато. Затворив читалната, туто комплето, капут учење веќе! Нема веќе зрна, ѕвонци, прапорци, галапчиња и црни семиња. Аста ла виста македонска литературо, ај хејт ју. Сега ќе одам да пробам да се релаксирам малку, ми стасаа книгите од сакамкниги.
многу сум расположена уште од сабајле одамна се немам вака чувствувано незнам од шо ми е ако нека траај
Понижено, глупаво, гнасно, никогаш полошо. После вчерашните настани, ја изгубив гордоста и ја наведнав главата, што е полошо сама со свој камен се удирам по глава. Изгубив се и останав сама..... Без никого. без оние малку што ги имав. Морам да признаам дека поголем талент од мене нема. Сама јас можам се да уништам во 2 часа. На здравје на умот што го имаш Де ловли.... Ајт таму....
Колку сум смешна значи, сите ми се смеат. Шо тетка иам значи. Многу ми е смешна значи. Додека чекавме у болница, колку ме изнасмеала. Само ние на пластична сме се ќезеле. Сите ние . Плус еден дедо, имаше израсток на раката, и вика Го глеаш ова? И друг му вика да. И он, епа ќе се расцвета, зиам пину едну ракиичку, ноктарчето, и ќе го скрамнам. И се смее. И вика глеаш ова на грбот (и таму имаше израсток, бааги голем), абе ај шо жена ми тера, иначе ќе зеам ќе се опију, сам ќе се продупчу, и се смее. туку, зборот ми беше дека се чувствувам, среќно. Ах. Чим дедово, си се смееше на ова, зашто да не се смеам и ја? За еден прст бе. Пфффффф.
Одлично! Си читав колумни на балкон, бев Канео и уживав, потрошив енергија при движење... се најадов цреши.
Цел ден супер...и покрај учењето А моментално КАТАСТРОФА...не сакам ова да го чувствувам ниту на крај памет не ми текна дека би можело вака да ми е мизерно