Па дефинитивно одлично и покрај тоа што знаев дека сите ќе ми бидат петки еве сега сум сигурна јејејеј соу хепи помина прва година хехе ајт позз и со среќа на матурантите утрешната мислам беше матурата
Исцедено како лимонче, ама затоа кога влегувам во продавница сум Џек. Сега ќе си седам дома, ќе си пишувам на Фемина и ќе си свиркам.
Еден обичен ден, кој цел го поминав пред компјутер играјќи некој глупави make up игрички ... А сега сум нервозна зошто така глупаво го поминав цел ден и книга не фатив ! Затоа утре нема да станам од над книга ....... ...
Јоооооој што волим овај режим , док сви раде ја лежим Прво се успав , мислам не ме разбудиле жал им било потоа мојата луда сестра ми се раздра... ќе го довлечкаш задникот ваму или не одговор нееее.. касно е па така може да се каже се чуствувам совршено
Малце подобро од лошо! На пат сум да акнам од ненервоза, се чудам на себеси, што сум станала ваква никаква, и се тешам(навистински, буквално) си скокање и играње, па за час ми станува подобро. Веројатно навистина се исфрла негативната енергија :geek: . Ами зошо досега не ми успеваше?
Како моторџија се осеќам, само што ми фали мотор.. ама си велам некој ми го џапнал дур сум се одмарала на по неколку пивца во крчмана од спротива. Од синоќа употребив цел арсенал пцовки и погрдни зборови, какви не знаев дури и дека имам во главава и рафално ги употребив ратататата се испукав врз некој што беше заслужен за се што ми се насобра со години и мислам дека дефинитивно не е фино да сте претерано фини и да не пцуете... вака коа ќе ви дојде има да се изненадите од себе си пошто ко темпирана бомба сте биле уствари. Опцујте си бре. Здраво било. Е така се осеќам сега дестресирано, деконтаминирано од минатото... дај Боже криптонитов да се отерал вистински у ПМ и да му се заарнило внатре... пошо не би да се враќа. Невер мор невер евер.
Некако нецелосно, како да лутам наоколу барајќи парчиња за да ја завршам огромната сложувалка во мозочево, само што парчињата ги нема или ги барам на погрешни места или од погрешни персони чекам прави реакции. Нешто е и до мене е, . Мисијата продолжува и е во тек, се џиткам на исцрпувачки брејнсторминг анализи, кои ако не вродат со одговор, барем ќе ме исцрпат доволно дури настапи сонот, битно би зела јас еден годишен одмор од себеси на некој ден и тоа неплатен, .