Јас дури и незнам како се чувствувам, ме фатила таа мрзата абе едвај пишувам ,а имам работа ама немам сила ни да одам MissCupcake не е толку страшно да се чувствуваш игнорирано, игнорирај ги и ти... Аааааааааа! Што е ова ...некоја епидемија на лошо расположение
Напнато,го знаете она чуство на страв,чуствто на кнедла во грлото ? Е,тоа го имам.А впрочем не знам ни зошто ми е.Т.е знам,се плашам да не се случи истото што и вчера. Се на се,глупав ден,глупаво се чувствувам,се надевам на подобро утре...
Многу лошо... Денес плачам исто како првиот ден кога отидов во војска и кога ги гледав моите блиски како стојат позади ограда... Сега плачам за да се вратам таму... Незнам што ми се случува, се чувствувам како загубена, не ми се верува, неможам да се помирам... Седам сега, го гледам саатот, да бев таму, ќе бев на писта, построена за да се спушти знамето и да одам на вечера. Многу сум разочарана, незнам како ќе ми биде овие неколку дена, ништо незнам, уште еден неуспех за мене, страшен науспех, уште толку ме бутна на назад Веднаш ќе почнам со ревизија на документите, МОРАМ да бидам пак таму, сакам да бидам една од ретките девојки што се решаваат на тој чекор, сакам и ЈАС да завршам една работа успешно... Ми фали униформата, пантолоните што сакав да ги менувам зашто ми беа 10 броја поголеми и одев како да бев пикната во вреќа, ми фали опасачот што толку многу се чудев каква функција има и зошто воопшто го носам... Ми фалат тешките црни чизми тип ЈНА, да ги гланцам наутро со четка, зелените грозни чорапи што се направени за нога со број 40... Креветот на кој се навикнав, здиплените алишта во А4 формат... Ќе ми фали утринска смотра и кревање на државното знаме додека свири химната... Кој божествен момент, дури се почудив од самата себе, за чувството што во мене го предизвика првиот пат свирењето на државната химна додека полека нагоре се крева знамето и на крај ќе се развее... Морам пак да го почувствувам тоа...
Истата и јас сум Розич. Почнав да плачам од страв. Не ми е за мене колку што ми е страв да не ги изневерам оние околу мене. Збунета сум скроз. Знам дека одлуката е моја и доколку нешто не оди како што треба сама ќе бидам виновна поради тоа што целиот живот ќе бидам никој и ништо. Свесна сум дека моите и покрај сите напори нема да можат да ми обезбедат приватно школување понатака и бев предупредена дека доколку не оди по планот и не успеам да поминам одлична, ќе останам со средно. Воопшто не верувам во себе и не верувам дека ќе успеам. Се плашам премногу. Дури и откако ќе се запишам ќе се плашам бидејќи ќе знам дека нема назад. Што сум бре јас, едно ќепче кое на 14 години треба да одлучи што сака да биде кога ќе има двојно години од сега. Лејка недозреана. За се` што сакам да правам кога ќе бидам изградена личност, не се дава плата. Е*бате детето глупаво.
^ Wild.Child исто како јас да сум го пишувала ова горе значи си го имам истио страв како тебе утре се уписите а јас уште не знам каде да одам мојте велат кај со имаш желба сама да сум одлучела а како да одлучам? Уште сум дете денес една желба утре друга и ај одлучи да те видам Сите ми велат оди таму каде што ке имаш повеке конкуренција таму знам каде целат во гиманзијата кај што се престроги ама јас си знам дека за таму не сум доволно психички спремна и сакам да одам во друга гимназија каде е малку полесно ама не сум била за таму оти јас многу сум учела и така еднио ми вели ваму другиот таму и цел ден памето ми е чкртањци и пола ден си го поминав во од нервози и сега реков утре ке излезам пред врата и кај со ке дувни ветро таму ке одам Доста ми беа нервози за денес и до тебе и без нервози
јас ќе си умрам. Незнам што да правам, страв ми е за утре, во секој случај орце е, ама пак колкав страв ме фаќа а незнам зашто.. уффф, ајде се нека помине и ќе си бидам најсреќна на цел свет ако ме примат, и од септември со трчање ако треба ќе одам у школо ама да ме примат хаха
денес како и вчера не е сјајно.... напнато, нервозно, стресно... ми фалеше уште да се заљубам во ТОЈ што не треба... Сега имам грижа ПЛУС! Мислам на него, а не на тоа што треба.... едвај чекам да ми поминат сите обврски и да ми почне вистинското ЛЕТО... иииии чувствата да изчезнат.... *dear feelings pls go away!!!!
Благодарна на Господ за се што ми дал.. баш така се чуствувам и супер ми е... се изгледа многу полесно вака..
Wild.Child и ecen4e, еве еден совет од мене, иако и јас го делам истиот проблем со вас. Прво, Вајлд. Не биди толку самокритична. Од твоите постови може да се заклучи дека си интелигентна девојка, и не верувам дека имаш од што да се плашиш. Гимназија е тешко, да, но можеш. Ќе го загрееш столчето уште од почеток и ќе успееш. Верувај во себе и не се откажувај, иако можеби тоа не е твојата желба за понатака. Секако, со гимназија можеш да одиш каде сакаш, така да имаш уште време за одлучување. Еценче, и за тебе важи истото. Ако одиш во училиште каде што имаш повеќе конкуренција, ќе сакаш повеќе да се докажуваш за да бидеш подобра од останатите, што е во човековата природа. Ако сметаш дека си способна асално да научиш, оди во потешкото, ќе имаш простор за надградба на самата себе си. Ви посакувам се најдобро и на двете. Он-топик, се чувствувам престрашено. Не верувам дека ќе можам вечерва спокојно да заспијам знаејќи што ме очекува утре. Одам потполно сама. Многу убав старт во моето ново училиште. Сметам на ова како на предизвик, ако успеам – ќе бидам горда на себе си. Ако не, здравје, едно искуство повеќе. Ајде и ова да помине.
хмм па како онака релаксирано растеретно од обврските околку матурата таман да се одморам за другата недела се на се убав ден и се почесто сакам да си имам вакви