Осамена ќе си додека ти одлучиш повеќе да не бидеш осамена.. и да си задоволна и среќна.. Се е во твои раце milca
Измокрено Ме фати дождот, ме направи лом. Од мене тече водичка сега. Истура како базени одозгора да се испуштаат, а јас си се влечкам по улицата
Како еден голем херпес. Од оние со неколку икс-а ел. Набубулена по цела уста и од околу, најдобро да се класифицирам не како лице со неколку херпеси, туку како еден гигантски, мера колку мене. И тоа премачкан со бел финиш, ацикловирест. Их, убавини. Ко сладолед од ванила во корнет. Ко албанец сениор со кече. Ко снежна полјанка. Ко варосана детска соба. Абре како продолжен кабел.
Очичкиве ми ме болат од буљање у 19 инчи монитор од рано утро,ал сега од задоволство.И цел ден се трудам да се топорам да се исправам,гради напред,стомак внатре,јуриш! Откако почна летово,јас прв пат сум олку разголена по дома и чмучкам нес и ладна вода и се осеќам ко во летата кога бев пилиштарец и лижев сладолед петле и задолжително добивав ќотек од постарите ми роднини,братучеди.Ииих тој ќотек најсладок ми бил,ме научи дека мораш да си го одбраниш своето (сладоледот) за да си уживаш у животот (седнуваш на другиот агол и им се лигавиш!),пошто увек ќе го јадеш и ќе останеш со празни раце,додека тие добиле репете (кај својот,па и мојот,е на!Не може!). Некако периодов полусвесно го поминувам и сфаќам дека ми треба некоја промена затоа што од се ми е здосадено,ама стварно не знам што да сменам.Се ми е подредено,па се фатив за косата,ама косата не фати фарба.Некој ќе рече дечко,ееех дечко и ти сега,Лилит ти е злато,испод мира триста вира,није дечко у питање,помина со сите петки,вчера и сведителството му го дадов и имав средба очи у очи со негова мама у 2 по полноќ.Се осетив ко тешок развратник и ко што ме дал господ,ооо добрррро вечерррр,како стеее,ууу се улепшавате...фејс палм.Требаше да и речам држ сведителство,тури стотче,син ти,одлиќен 5! И цела ноќ,овај утро,овај трошка сон,ми помина у несвесна борба со еден комарец-џентл мен,ми ја испољубил раката маму му и тоа левата и у сон си викам (о боже хахахаха)иии ме чеша лева рака,галиба ќе има пари! Сеуште не можам да се помирам со кичот на плоштад,туку ај...ко од цртан филм,чак воин на коњ,шо ви е на вас,неарни.Аце па сеа,кој е Аце бе!Ние си го имаме Коњаникот Сабија и неговата дружина и другар му Црна Фурија.Така нешто беше,а може и Таличен Том е,од кај знеме,ништо не знаеме! Вчера ми вети дека за неколку години поле со лаванда ќе ми насади,имал нива со црвеница,ќе се фатело и бизнис ќе сме правеле.И ми рече да носам фстанчиња и сукменциња за да може на зајдисонце да ме легне помеѓу лавандите и ... така бе,романтика де бангладеш! Летно време не ме пропушта,а да не помислам дека сакам да живеам на село и да обработувам земја,мајке ми!За ништо на светов нема да ги заменам моите спомени у едно село богу иза леѓа,седната на едно гумно,на некоја рогозина,како траскам со еден стап по сончогледов цвет!И у една жештина помеѓу едни пченки,ал сега би да сум Ленка и пченка и после у некој амбар...ова,нема везе,да.И после баба ми ќе ме зашлапа у камениот мрамор у млака вода,топлена на сонце и ќе ми тутне лубеница у рака.Мореее ќејф!А не денес,се потам меѓу груда,пуштам клима,тој смоткото од вчера ме гледа,што е колешке,жешко,сакав да му речам,жиш те фатил,па изгорел,кај гледаш да пукнеш,да мислеше,не ќе се топевме. И дали сум ви кажала дека денот ко ден го сакам у секој дел,ама буквално,пошто имам за се по некоја романтична замисла,ама најомилен ми е периодот помеѓу 5 и 9 часот,а 9 ко час радо би да го нема на часовникот,не знам зошто! Вечер...ми се флертува,ми се лелеави,дури и мирис знам каков сакам да помирисам.Да пијам нешто убаво и да го имам на поглед цело Скопје,мек кревет,ќе му подзапалам моето кандилце со мирис на пачули,а можда и миризливо стапче и ете од мерак што ми е и цигара у рака и би кулирала дур му ги чешкам градите обесена.Така бе така! Еее така... http://www.youtube.com/watch?v=wHevh1os ... re=related Го љубам периодов од денов,за се е совршен.За доцен ручек со пријатни луѓе,убаво кафе со разгракани пријателки,кулирање по дома,бос и раскалашен,за секс(уф...на море,идеално,па уште кога ќе распоотвориш прозорци,тој си димка цигарче,а ти гледаш надвор и си велиш и мене ич не ми е добро у моментов! ),најубавото бањање во море е во овој период,најеротичните чувства ми се у зен,најдружељубивите такоџе,све ми е тамам! Море бре се изнабрбљав...поблиски ве осеќам некогаш,отколку било кој друг.Ме доживувате ко приказна,а не ко лик и баш е лесно право да ви кажам.Ова да го кажам на било кој и ќе ми рече со нежен и внимателен глас,Лилит,добро ти е,а како си?! Ајт момички,имајте убаво остаток од викендов! Ве љубам и сакам свите до една!
Вознемирено, напнато, немирно, стресно, растревожено, изгубена во времето и просторот. И меѓудругото ме фатила страшна мрза (баш сега ли?). Од друга страна пак, сакано, убаво, вљубено. Бури, изливи, приливи од различни емоции кои прават да се чувствувам како темпирана бомба. Како и кога ќе експлодирам е прашање на време (само за убаво да е ).
Никако ете така поспано, само ми се спие од оваа тетка,аман веќе, чадам од нервоза безвезе ах нека доаѓа аман, нека се најави предвреме без надворешни манифестации, како нервоза, теткава а не вака маки да си тргам
Мокро со солзиве на лицево. Гневно со нервозава и тежинава во мене. Ме гуши груткава во грлото што ме сопира од живеење ! Ме боли душичката е така се чувствувам... Не сакано,НЕ СФАТЕНО! Не почитувано и покрај се што сторив... Празно така се чувствувам!