прејадено бе ко слон се наппукав сега наместо 5 кг вишок имам 7...и ич не ми е гајле си каснав се што ми сакаше душичкава....РАНИ ДУША ДА ТЕ СЛУША
Факин прфект Не, не јас, јас имам денеска на себе купишта работи за средување, ама расположението ми е стотка, така да кога и ноктите, косата, шминката ќе се средат, тогаш ќе биде факин прфект х1 000 000 Ако некој или нешто ме покрши, ќе лета од планетава, така да знае! Ме чека урлање бе не е фер да ми спадне на минус ништо од мене денес
И јас не знам. Ама знам дека кога се обидувам да дознаам што чувствувам доволно е да почнам да пишам се што ми минува низ глава. Ми недостига, сакам да го видам, сакам да зборувам се него, многу е смешен, сакам да биде заинтересиран за мене, сакам да знам зошто ме бакна, сакам да знам дали сака пак да ме бакне, не сакам да одам на состанок со другиот и покрај тоа што имаме многу заеднички работи, и покрај тоа што знам дека ќе биде интересно, сакам да го видам тој што е 160 км далеку од мене..... сакам да го бакнам и да се уверам дали навистина толку добро бакнува или алкохолот го направил своето Добро зошто секогаш го сакаме тоа што го немаме?
mene me fatila nekoja opasna MRZA osobeno za ucenje , i kako sto so sekoj pominat den se blizi sreda me faka se pogolema nervoza a zasto? polagam na 430 strani a jas od niv imam procitano samo 100 ufff sega se drugo mi e interesno, pa duri i rasaduvanje cvekina, od mojata bedna kniga...
Денес се чувствувам мрзеливо мака ми е да одам до wc,и само лежи јади се чувствувам подуено и сега собирам сила за вечер да се изнаденцам
Маааааааааааа најсреќно!!! Волшебно после долго време... Имам сваштарии во стомакот, не само пеперутки и мислам дека е слично како кога се заљубуваш Важно е што мислам дека ова го заслужив, што прави да ми биде уште поубаво
Уф, прилично уморно. Требаше да си легнам уште пред еден саат, проклет бојлер. Е, од утре иде одморот, од зад, задутре најголемиот одмор на свет следува.
Зимско дете насреде лето Очајно! Пијано од горештина, пијано од животот, од неживотот, пијано од луѓето, од нелуѓето... или како реторички прашалник, на кој го знаеш одговорот, ама чисто ради инает на другите им го триеш носот да ги измачуваш. Ма да не се лажеме.. за да измачуваш некого треба да му е галје, себе си се измачуваш и со прашалници и со заприки и се плашиш згора на се со извичници. Во еден момент мислам дека знам каде и зашто и моментот поминува и знам само дека врска си немам за ништо. И пак се од почеток ко на риплеј. Само овој пат се има заглавено копчето па врти ли врти иста досадна песна. И зашто по ѓаволите се случуваат нешта, се случуваат луѓе, кои не треба да се случат, но ти се случуваат поради некаква си апсолутно никаква причина за случување и ти треба да разбереш дека просто се случиле и сега треба да оставиш, пошто не требало да се случат, бидејќи не било ни местото, ни времето да се случат. Е, побогу која е таа судбина, која е таа човечка слобода да сам одлучува за себе или која по ѓаволите е таа причина за било што, ако тоа не треба да биде. Лекција?!? Да не би да сум дете се уште. Да не би да останав со нешто ненаучено. И да, би сакала да си ги сопрам соништата. Се осеќам спремна да спијам без да сонувам и да живеам без да знам пошто сум сонувала... со отворени-затворени очи.. ма како и да е. Се осеќам спремна за спиење... може, пуштај мајсторе! Ќе заборавев претерав со кафе, почнува такихардија... напорни неколку минутки што личат на часови ќе бидат овие уф!
... доволно инспирирана да напишам песна, да испеам неколку, да зготвам ручек и вечера и да го галам додека се поти врз перницата. Недела, ах убавино. Не станавме од креветот, а прошетавме секаде, читам куси раскази и поезија додека ме чешкаш по косичката и те молам само да си ми тука, близу, или јас би полудела. Среќна, уморна, меланхолично-весела и крајно љубена , ете така се чувствувам. Како црешов цвет. Како расцветана пуканка. Како мало бушаво, штотуку исушено, а претходно накиснато маче. Продолжувам да (се) галам...