Понеделнички убаво, одморено и весело... Прекрасен почеток на нова работна недела, среќна што животот конечно ми оди во нагорна недела Spoiler пу, пу да не се урочам Ве поздравувам и гушкам сите и ви посакувам совршен понеделник
Крцкаво како тазе краставица, растегнато како стопен кашкавал, понеделнички плесната како со мокар пешкир. Ноќва е виновна, вампирски бдеев до 4. Што све не направив за да заспијам, џабе бре џабе. Што ноќ ќе беше! И денес сум - турни ме да кинисам. Ќе си се турнам кај и да е
Одамна се немам чувствувано вака ИСПОЛНЕТО како денеска,ама зората е крива! Си станав рано,рано си се натрчкав и цело време сум на фемина!!
Мислев дека ќе биде прекрасен ден, се чуствував прекрасно. Неверојатно е како една ситница, може да ве нерасположи и да ви го упропасти денот. I feel like crap.
Баш убаво Си се чудам самата на себе како не се замарам и како не допира до мене баш тој разговор од вчера... ХА
Па денес успеаа да ме извлечат од дома, се дотерав до факултет за џабе, за да дознаам дека и утре ќе треба пак да одам, се уморив малку и сега си одмарам веќе дугачко време и така се чувствувам опуштено, истовремено и осамено, не ми се прави муабет со никого и така...
Оваа инвазија ме излудува (смајлиштокорнекоси) . Ќе се разболам! Ќе си починам! Ах мор ШтрумфетО, што ти требаше да отвораш уста?! Сега ќе си носиш мадро, што не молчеше мудро, така да знаеш! ПЛЕССС една воспитна!!!
Празно, осамено.Денес сватив колку себично размислував последната недела околу плановите за на одмор.Се чувствувам тажно, како на некој нечесен начин да сум добила нешто што повеќе не го посакувам. Ме фаќааат и некои депресивни мисли......... Офффф тежок ден. Утрото е секогаш подобро.
Во моментов се чувствувам буквално вака...... http://www.youtube.com/watch?v=VnanyCob ... r_embedded Не тражим шарене пилуле, -јер мени није до лилуле дајте ми гљиве лударе, ДА МЕ РАЗВАЛЕ- ДА МЕ УДАРЕ! МА НЕ РАЗУМЕШ ДОКТОРЕ, ЈА НОЧУ САЊАМ НОЈЕВЕ И ДОК МЕ ФРКА СУСТИЖЕ, -ПИШЕШ РЕЦЕПТЕ -ПИШЕШ БРОЈЕВЕ!!! (епскиот стих) Текстов како јас да сум го пишувала и на моменти тотално се пронаоѓам во стиховите! (како ноќва на пример). А што се песнава тиче, нема никогаш да умре.
Цел ден се смеам, а секој можен мускул ме боли кога се смеам. Косата црвена - носот црвен, е браво де, браво. До душа имам една бела линија на сред нос, стандард тоа не се сунча никогаш. Битно е дека го искористив максимално денот.
Па...веќе сум во напреден стадиум на ПМС , така што нервозата ми е најверен пријател веќе некое време ,некако посебно сум раздразлива и секоја ситница може да ме извади од колосек ...Се мразам себеси што сум девојче токму поради овој ПМС и циклус и свашта !