Можам да се пофалам дека денес се чувствувам прекрасно , и за разлика од претходниот ден , кога се ми одеше по нерви , денес се ме развеселува . Уффф, конечно се разбуди оптимистот во мене , и многу се радувам на тоа . ПМС е веќе минато,заедно со сите пропратни нус-појави ....така да ми останува да уживам во денот и да го направам утрешниот уште повесел .
Роџендански. Чувството кога седиш и знаеш дека од денес можеш да го злоупотребуваш пасошот додека не си извадиш лична карта.
Текстов во песнава опишува точно како се осеќам! http://www.youtube.com/watch?v=BohXyo4ELQ0 Се сомневам во се деновиве Се осеќам ко предадена, уништена,навредена.. живееме во свет што изгледа ко пеколен цел живот може за момент да ти биде променет во ова лошо време градот никад не е здодевен каде што секој ден може да биде последен. и се поради тоа што сум пречуствителна и се си зиам срце-.-
Мојата лоша и мојата мирна страна седнале да прават компромис! Ете така се чувствувам, растргната меѓу две спротивни мисли, насанкана од сопствената илузија, и за крај застанувам на веќе добропознатата патека, на белата лента, свртена со грбот кон бесконечност. А зошто е тоа така, се прашувам цел живот?! Е само за ова ми нема решение. Уствари има, ама мојата пуста смотана глава не сака да се спогоди со срцето, ама баш за ниту една работа. Ц ц ц ц... Иначе сум среќна, да, да, не дека не сум
Нејќам лето! Секое лето одново откривам и одново истата констатација! За што побогу лето?!? За 10 дена некаде на море? Јок бе! НејќУм бе! Мозок не ми работи. Ко спржен ми е. Не можам да мислам. Ќенкавост ме јавнала. Се влечам ко пУжав. Креативност исцрпена. Ама затоа стомак у плус. Љубениц! Е така се осеќам. Очекувам у секој момент некоја семка да плукнам преку тераса. Да видиме кого ќе погодам. Нервоза ме мава. Блесавост. Бладам. Сите ги мразам сите! Лажам... само би ги убивала дур се смирам. И неколкумина се. Не сите. Ама, само ако можам да ги оживувам по секое умирање
Млитаво, растргнато, кенкаво се на нај даун па и како можам да бидам од желудников, човек да не може овошје, зеленчук да си ксне на раат
Прилично добро, со оглед на тоа што имам да завршам милион обврски ама барем ќе испадне нешто добро од тоа
Па со оглед на тоа дека за мене уште не започнал денот,ќе ви кажам вечер кога ќе станам А сега за сега се мислам само како да му рипнам на креветот без да го скршам
Чувствувам последици од неможноста да заспијам претходните неколку дена. Мислев е ПМС, не е... помина пмс, глупавото чувство не помина. Нека излезе да ми се каже што е, зашто вакви недефинирани чувства нејќум Иш!