Грдо, уморно, цел ден спијам и пак сум уморна, не мрднав од собава. Уште еден непродуктивен ден.Неважен,депресивен.
PMS, торта, диета, јогурт, диета, зумба од сабајле 40 минути, скали искачување двесте пати, честитки од сите, повик кој ми значи се во моментов, и една брчка повеќе Се на куп ко ќе собереш, ете така се чувствувам И би додала едно смајле што не знае во кој гол тера и паѓа во несвест од возбуда(ко тригодишна бе )
Мирно како срна и гладно како волк. Еден чвор одврзан денеска... останува да се поработи на поголемиот.
Поубаво од убавото. Задоволно и оклештено. Се смешкам и се фаќам за мешево за да ги смирам пеперутките. Ненаспано а сепак одморено. Сито а сепак ненајадено. Фала им на пеперутките што се вратија. Фала на луѓето кои ми ги прават деновите убави. Фала ми на мене што и неубавите ги гледам со розеви наочари...и животот е повторно блескав. Се чуствувам стрвна. Сакам уште многу. МНОГУ...ете така се чуствувам
Сакам дожд и посвежо време, но не сакам истото да трае цела вечност. Значи сакам сонце пред да паднам во депресија повторно. Стани си - темница, легни си - темница. А што убаво бев весела минатиов период...
Денес убав ден, шетлив Јас многу зборлива, среќна некако без причина.. иако имаше многу причини кои ме демотивираа, океј сум.. сталожена
прекрасно ! убаво ми е не се жалам имаше некои ситуации али не им дадов некое значење се на се, убаво е