Како времево. Исто како времево ќе се истурам од врнење и грмење врз нејзе. Не те обичам сестро. На глава да застанеш не ме фаќаш на стара финта. Проѕирна си и мала.
Буквално фацата ми е како тажново смајли. Веѓите надолу, очите нажалени и устето наопаку. Ме разочараа комплетно. Сакам да го видам.
Ко дебилен фет мрзлив американец. Цел ден го прележав од тв на пц уз разно разни грицки кока кола и сладолед ми мириса на депресија
значи не сум само јас тажно изгледа до времето е узас ми е се е против мене, за се сум јас крива - најмалото се знае а јас имам еден куп проблеми ама никој не ни помислува на мене, дека и мене ми е тешко ми фали срцката само он ме разбира
Ко дебил! Се мачам самата себе,ги мачам тие околу мене,ги мачам тие што сакаат да се околу мене Полоша личност од мене постои ли И хејт мај селф
Доволно прекрасно за да се фрлам под воз. Дури и без размислување колку Хедис паломи од 3 денари од останатите резерви ќе се потрошат на мене. Штета што во Струга нема пруга. Ќе најдам решение, не барам родна грутка друга.
Пошто само некои си 20 минутки за сега трае овој новиов ден и не осеќам ништо ново и поразлично од она што го осеќав претходно.... а тоа е: збуњено. А, бидејќи лудиот го нема, така да осечам се некако изненаџено и увреџено. Нешто не се мења расположениево. Од една страна ме радува, пошто е некаква константа, пак јас ко и остатокот од феминскиот свет варирам по mood скалата, дури и вадам свои модификации... али ова е не знам. Да се радуваш или да плачеш?!? Сама ќе си бидам и збуњен и луд. И то је то. Има во мене за двајца, богами да!
Па грлото ми е зарипнато и не можам да зборувам само кимам и едвај збор проговорувам, на деснава рака имам едно 5-6 модрици, на левава имам некоја гребнатина, нозеве ми се потечени, прстите уште не си ги чувствувам, ама се на се damn good.... Кога е журка, журка е, ама потоа се ме боли
^ Се шуткаше ли? Би сакала да сум на твое место пак ќе ти речам, би ги трпела последиците. Ако по утрото денот се познава, ова кај мене ќе биде еден исклучително досаден ден.
Вајлд не, ама пеев на микрофон Ниеден џам не се скрши, ниту еден човек не го однесоа на ургенца поради внатрешна повреда на уво, во ред е Имам мотивација сега за уште еднаш Се извинувам заради оф топикот
Како во кафез со димензии метро на метро, заклучена со катанец чиј клуч го имаат другите околу мене, ама на никој не му текнало да ми го подаде, туку само доаѓаат до кафезот со сожалувачки поглед, ја протнуваат раката меѓу шипките, ме тапкаат по рамо, ми викаат "не се секирај ќе помине, ти само излези, не се затворај, тука сме на чекор од тебе". Епа ајде де, како да излезам?! А да ми го потфрлевте клучето?! Да ти се плукнам во утехата, од кога сожалувањето се смета за утеха?! Не сакам сожалување, сакам само кога некој ќе каже дека е тука за мене, да го мисли и да го оствари тоа, а не да изговара само шупливи зборови без значење.