Иако денов се потруди да ми обезбеди сериозна причина за длабока депресија,немоќен е пред мојот противотров-меланхолична летаргија која деновиве ме штити од секакви потреси,нервози и слични штетници. А денов....според тоа како започна би рекла дека одамна се надевав дека ќе дочекам ваков.Знам дека тоа што го сторив денес е вредно за почит,првенствено од самата себе,за другите и онака не ми е гајле.Се чувствувам празнично,свечено и исправно,она добро чувство што се јавува кога ќе си исполнете долг кон себеси. Хормониве можат слободно да си ја продолжат расипаната игра со моето кревко расположение,зашто разумов ми дава доволно сила да им се искезам во фаца и достојно да го прославам и доживеам денешниов подвиг.Сепак,и и покрај се today is a beautiful day.
Денес..хмм.. Имам чувства такви што не го сфаќаат светот. Незнам зошто постојам. Зошто земјата се врти. Зошто сонцето грее? Тапа.
денес пак ми беше топ се! Иако времево повторно беше грдо до немај каде мене се ми беше супер! Ајде и утре нека ми е таков!
Јас во глобала секој ден се однесувам и чувствувам песимистички недоверливо настроена.И денес е така.Тоа не е некоја новост!
Среќно! Средбата со една личност уште од вчера ме држи Така да и да сакам не можам да спијам цело време се смешкам ко будала
Сега се чувствувам малку носталгичноо... Ама малку само... За поранешната јас, слободна, без грижи...