Порасположено од прееска Се изнапешачив, па како шо бев и предходно уморна од едно пивце ми се приспа. Време е за спиење
Како супер херој. Мокра како куче, ама спасив маче И ме тресе нели затоа што ова не е летен дожд, повеќе наликува на есенско-зимски ама како и да е. Се осеќам убаво.
Море се осеќам и те како. Вечер на концерт на Џами, па приватни забави! Јас чекам што ќе ми фрли денот и ноќта и да ќе си се сакам..
Уфилмано Од рани зори сум станата, како дете што срипало од кревет од мугри на Нова Година, да го фати првиот ударен филм од филмскиот маратон.. их, ништо поубаво немаше во тие времиња. Им се нафрлив на сите филмови што месеци, месеци наназад ги имав складирано во компјутеров, но немав ама нити трошка воља, нити љубов.. ма, каква љубов, не ги ни симпатишев та да ги гледам. Мада, да си бидам искрена, со мерак ги имав симнато. Ама е. Сега им бил денот. Се соживеав со дождот. Уште од синоќа си се поврзавме пошто си легнав со отворен прозорец ама ширум отворен, ламба за екстра романтика, ДВЕ ВО ЕДНО КАФЕНЦЕ слим и фит! за аромо-терапија Спојлер ми го зедоа умот Господи оние од морална поддршка.. ја озбилно нејќев, ама е и зјапавме во букви, точки и запирки од една книга, што, исто така седеше со месеци нечепнато. Ок, не е дека не беше чепната, цвеќенце на 23та страничка ме чекаше за продужеток .... може и повеќе од неколку месеци трае состојбава. Кој ти рачуна де. И, не! Се разбира дека НЕ! Расположението, во никој случај не е поврзано со тоа цвеќето. ЈОК ! Ама баш на ништо не ме потсети, нити ме асоцираше на некој конкретен ден или личност Сепак убава вечер. Не ќе да е ни до книгата, ни до ништо друго. До јули ќе е и до дождот ќе е. Ми мириса на промени Занимлив разговор у четири ока ми ја смири душата. Ако се остварат работите, интересно ќе е летово. Ќе има нови луѓе, нова работа, многу нови работи, така да, времето конечно нема да ми ќенка дека не го рецкам ни два посто... пошто конечно ќе уживаме еден во друг. Ама, ако се случи тоа... А, мора! Крајно време е веќе да му дојде редот...
ПМС ме дрма ненормално многу. Морам, значи кога ќе кажам морам - морам да престанам да се смеам толку многу. Почнувам да се кезам од чиста мира. Молчат сите и гледаат тенис, а јас пијам сок и додека голтав, воопшто не знам што ми дојде кога фатив да се смеам, да кашлам, солзи... Ќе се загушев. После готова бев да заплачам што загуби Надал, солзи ми дојдоа, па се жртвував и појдов да мијам садови колку да не ме приметат. Сега врска немам што ми е, те сум ваква , те оваква ... Теткице, довајџај!
Same here. Кој и да ја напишал "I Enjoy Being a Girl" очигледно не прошол низ подуен стомак, болки и дрмања у расположение што одат заедно со 'being a girl'.
Средно шашаво Кога станав утрово ми беше премногу ладно ми доагаше врз чорапите да си ставам уште еден пар чорапи.Моментално ми е многу жешко и се чуствувам омалаксано.Е так ако ви е ладно попеглајте 2 часа и веднаш ке ве удри жешкавата во глава
Убаво.... (најупотребуваниот мој збор во темава) Се чувствувам облачесто... така лесно, полетно. Два-три збора како бонбона слатки ми засладија душа, ја омекнаа мојата цврста заштитна обвивка. Не е на арно... ама ако. Убаво ми е.