Денес по неколку дена излегов надвор и ми беше прекрасно Само што луѓето ме гледаа како чудак, за што и не им замерувам баш Го подбрав оној мојот и си легна на брашното И убаво го замесив И така вечерва тивка со другарките ќе си ја поминам. Ви посакувам пријатна петочна вечер.
Мирно. Болен ми е љубовот, па си мјаукавме по телефон. Им готвев на моите некој лесен ручек, средував обетки и ланчиња, куп работи фрлив... Средував низ соба, читав книги и пак се нервирав околу факторот - кеш, договорите што не излегоа како што треба... Но, сепак, ќе се истуширам во купка од морски алги, ќе си направам какао, ќе си гледам цртани филмови и ќе уживам во петоков без да мислам на темната страна од себеси... Која се активира секогаш кога ќе се разочарам од туѓата непромисленост и глупавост. Пак двојно... Ем опуштено, ем загрижено. Тоа ти е.
чудно....покрај се некако возбудено и надежно....иако се обидоа да ме испровоцираат ама јас ладнокрвно ги одје*ав само ме фаќа паника за учење
denes denov mi pomina onaka, sakam kazam nisto posebno skolo, doma, fimce... interesno e sto ne bev so moeto drustvo cel den sum sama pa i ne e loso ponekogas
УБАВОООО ... Некако поопуштено. Си купила ќерка ми нов миленик (мало папагалче),оти старото и побегна низ прозор. Сега ќерка ми е среќна, а јас уште повеќе Ми прати фотографии на фејсбук од малиот Спајк (така се вика новиот член) и што да ви кажам ... ПРЕКРААААСЕН Е ... :up:
Максимално одморено (дури и превише), опуштено, среќно, исполнето...Ма супер се чувствувам денес Само се надевам дека нема да не се најде некој кој ќе ми го расипе ова прекрасно расположениееее...
пу да му се сневиди -------- женско ----- претерана емоционалност и чуствителност :? ама ќе биде подобро МОРА ДА БИДЕ ваква насмевка ќе си ставам и оп одма сум онаа стара добра весела и насмеана :idea:
Уууу јеее!Добра сум,ма топ сум!Е сега малку ми се спие,ама знам од што ми е Редно беше да се средат некои работи,да тргне нешто. Пролет иде,пролет иде,штом ќе дојде што ќе биде?Тралалалала
Убаво, мило, нежно, фантазерски, денес ги препуштам мислите на фантазијата и се исклучувам од се, само да си ја одморам душата
ОдлиЌно! Семеен ручек,разговори,дилеми,решенија.Убаини...мирис на саботен ручек,тек неделниот...ма веднаш ми кркори стомакот кога ќе помислам.Си ги сакам моиве,влезени во десетти пубертет,јас цут младости...шоу лудница. Имав убава вечер вчера,мексикански,па пивце и кикирики-пјаца и обиколка по ноќниве клубови...изнагалив руси прамени. Ме очекува вечер полна со изненадувања,дилеми,трилеми,полилеми,ма што да ти кажувам.Дружба со книгата,ама утре ако пукне сонце...јас си знам! :twisted: Умни девојки,Лилипут ве сака сите,нека не ви растат рокчиња. И да,Марли недостига дефинитивно,за баланс на женските демагогии и машката конструктивност.Карпа човек,ама не успеа да не истрпи...
Денес се осеќам -раздрмано-. Треба од понеделник да се селам на една недела и ке умрам од носталгија по мојата љубов и моето бебуле! Ама -у року службе-мора се да се истрпи Ај ќе помине за еден месец најмногу! А се чуствувам....па .....кој знае како! Ме боли главата и сум напната.Правам 3 ручеци за цела недела да им оставам и имам еден куп обврски ! Седам на нет и се релаксирам,а после ЈУРИШШШ!!!
Се чуствувам многу смирено,а од друга страна некако недефинирано,а и не мислам на ништо и делувам како незаинтересирана површно.Така голем мир чуствувам во себе,што ретко ми се случува знаејки се себе си како полуизбувлива личност.Сега дури да сака некој да ме изнервира тешко дека ке успее.
Преку глава ми е од се... се осеќам како да сум невидлива...Никој не ме ни приметува....многу се нервирам,ќе полудам. Преку глава ми е од неправа.Секој си гледа само за себе,да му биде поубаво...
Е многу сакам сонце. Се убив од шетање, мртва уморна сум, ама волку исполнета не сум била од октомври некаде, кога беа последните убави денови! Хранев гулаби во жена парк, пиев кафе на едно од моите омилени места, прошетав до градски парк, бев во игротека, јадев на едно од моите сакани фастфударници, и сега ќе одам на пијачка, а утре - на чист воздух! Не знам како живеат луѓето во Данска, Норвешка, таму нагоре... за ниту едни пари или или не знам колку средено општество не би живеела таму. Се надевам дека не мораат да одат за секој антидепресант на конзилиум како кај нас Дури ни багерите на плоштад не ми пречат кога има сонце
Oдморено, свежо, баш ми е мило што не излегов вечер, се изнапреведов , значи. Им се намерачив на филмчињата, има богами сите да ги изгледам
Како и секогаш - контрадикторно. Кога од една страна ќе си припуштиш, од друга се скусува. Сонце, хормон за среќа до небеса, сатен и кадифе..... конечно пристигна почетокот! Нервози, повторување на пожелни лица од страна на непожелни лица. Глупава љубомора.... до кога hock: Ќе престане ли некогаш да ми го уништува животот, оној што го нарекуваме љубовен?