Ми игра срцево во градиве, некоја убава возбуда и немир ...уште сега, а тек ако биде се во ред и се случат најубавите работи, ах ќе си полетам од среќа
Како асфалт. Жешка, тешка, црна, леплива, испарлива и сосема изгубена на Сонцето. Конклужн - мразам горештини.
Со вишок крв што лизга ко болид на писта. ПМС из каминг то гет ми.. ај нек иде и нек иде у пм све по список! И цел ден денеска не сум јадена и се чувствувам мутаво згора на се.. нервозно ма све и јас не знам.. неколку ствари од сабајле до последно сега ме извадија од штеќер или уствари баш ме гурнаа у штеќер. едит: прошетав по страниците на морална поддршка за сите оние што сакаат да ослабат, дефинитивно ми се најомилените страници од феминава, нема друго место кај што секојдневно читање на неколку поста ќе те насмее и развесели за секунда. Почит само до девојките, што друго да се каже. Адиос ќеридас
ААуууффффф мн лошооо Убаво си се држев до паролата АНТИ АЛКОХОЛ,незнам што ѓавол ме тераше да им се придружам вчера на другите,а јас позната по водата и коктели....затоа утрово ми беше полнно полно со вртоглавици,и не еден,туку 5 воза ко да ме удриле...памет за др патт
Препрепрепрепрекраснооооооооо А ни самата незнам зоштоо.Едноставно кога станав и видов времето убаво надвор,го видов сонцето ии некако убаво расположенаа сум
почна убаво и хармонично утро, а попладнето вознемирено и нервозно, баш ми е тешко нешто мислам ќе пукнам.
Досадно ми е цел ден, еве и сега.. Сите се излезени, и моите дома, и дечко ми, а јас дремам на нет. Не ми е прв пат вака за време на викенд, ама почна да ме заморува ваквата ситуација. Не знам до кога ќе можам да издржам...
Лошо. Исто како да ме прегазил трактор, па после него ваљак, па пак ваљак. Не знам што ми е, ќе ме изеде некое лошо чувство ... го имам во мене ... се осеќам како кобник ... аман !!! Вчера и денес само чекам нешто лошо да се случи ... ама знам ... знам дека ќе се случи .... не знам како ... едноставно не е прв пат и знам. Нешто лошо ќе се случи. И ја занемарувам кавгава од вечерва со господинот. Нешто поголемо и немам претстава што. Уффф не знам кој дел од постов највеќе ме живцира. А немам ни сили да легнам да спијам, и во сон се плашам. Ексик што би рекла баба ми. Ај, што и да е, со помин нека е.
Вака Бурна ноќ Со дупки во меморијата пробувам да се отрезнам со кафе и еден тон вода испив од сабајле.
Тоа што ми е топло премногу, на страна, туку сум добила. Ништо од базенот, дур ми заврши, ќе се зезне времево пак. Како подуена стара бабичка се чувствувам. Кисела краставичка. Среќа бубуљички немам. Што мирисам на сите можни машки парфеми и дезодоранси - си мирисам. Вчера мислам дека ќе се загушевме. Моите да влезеа ќе мислеа дека сме имале гости сите три. Мање битно, воспоставивме на кој ни мирисаат симпатиите. Пријатен смут џез за освежување во ова врело саботно попладне. На некој чуден начин, и покрај се` - убаво ми е.