Прв работен ден а јас се чувствувам уморна . Поточно кажано како со камен по глава удрена. За се е крив брат ми и неговиот предлог ајде уште по една, доцна во ноќта . Па ајде кога веќе за ништо не ме бива... во моментов си направив кафе и си реков одам на фемина .
Збуњено и уморно. Од спиење во ова време човек може само да се умори и ако мисли дека ќе му помине главата, нека почека дур да се разбуди.. биче изненаџен и увреџен, сто посто! Тупан! рачката изгледа е внатрешно поставена, а се слуша и тупц тупц у позадина. А, може само јас да се осеќам така де. И осечам се како вонземјанин у своја куќа, кога сме она собрани јас и четворицата членови (мачката влегува во списокот)... а кога сме натрупани со повеќемина со кои си имаме иста крв во вените, онда ни вонземјанин не ме опишува.
Физички изморена. Но душевно одморена. Повеќечасовниот пат од село до Скопје навистина беше измачителен, особено во периодот кога сонцето беше на самиот врв, ја достигнуваше својата највисока точка, кулминираше. Но душата и срцето ми се исполнети, среќата и задоволството мислам дека веќе нема место каде да ги сместам, сите можни клетки се исполнети со нив. Последниве неколку денови доживеав толку многу моменти кои со сигурност ќе ги помнам целиот живот, особено лежењето на миризливата трева на лединката на врвот на ридот на полноќ, набљудувањето на ѕвездите, смеењето се додека стомакот не ме заболе. И да целата сум искасана од комарци, подуените вцрвенети мозолчиња се наоѓаат на милиметарска оддалеченост насекаде на моето тело и премногу ме чешаат, но го издржувам искушението. Навистина вредеше секоја каснатица. Навистина вредеше што ги проживеав овие моменти. Непланираните работи се секогаш најмили.
Ауу што сум топла, пријатна, миризливка... исончана Совршена за уживање сум, сегде да ме фалите Радост чувствувам топла како ми струи низ веничкиве, радост што тој ми ја причинува И ете сега ми свири песната која не‘ опишува, баш во овој момент. Бевме некогаш странци во ноќта...
Лошо..таман си помислив ми тргна животов..и ништо..ново разочарување...но не се предавам..кај и да е мора да тргне
Денес нешто со мене не е во ред. Ги збудалев дома, ги збудалев другарките, го збудалив дечко ми ... а сега и форумов. Ама не знам што ми еееееееееееееееееееее. Бидете љубезни и избркајте ме, и така во 6 треба да станам. Буааааааааа, неќум утре со подочњаци до кај кртовите да шетам, некој дедо инфаркт во автобус ќе го стрефи од страв кога ќе ме види Ама и така сум убава. Лепојка. Мва
Хмм..Добро,со некоја празнина во мене..ко да имам некој товар на душичкава али не знам од каде произлегува. Го мразам тоа чувство.
Спремна да му го откорнам тоа дебелиот бут и да го мавам со него. Бар една желба ќе си остварам сама.
Ненаспано. чангризаво, никакво. Ако има некој рецепт како да се олабавам за да заспијам попладнево нека ми каже. Креветот ме крева не можам да спијам а душава ми спие.