Топло ми е и досадно..што сабајле не може ни да се искочи надвор,компјуерот те зрачи и ти прави да ти биде уше пожешко..епа шо да правам! ке почнам да бојам боенка
Ме боли главата Па што нема да ме боли цело лето станувам во 9 часот...смачено ми е.Од цел распуст досега немам еднаш спиено до доцна
Како тврдоглав сунгер кој треба по дифолт да впива најмалку некои елементарни перцепции и површни барем чувства, ама тој одбива ли или апстинира од непресметливост, каприц или мрзеливост не му ја знам мотивацијата, ама потфрла во функцијата. Е како да се чувствувам со 9 дена предвреме настапен циклус донекаде и ок, со оглед на тоа дека му удрив брз скрол на ПМС, само да не ме начека братучед му П(ост)МС на некое кривинче во некое ќор - сокаче и ме изеде ко Минотаур, ама за тоа - потоа ќе му ја мислам или па не ќе му ја мислам воопшто, приказнава продолжува главната актерка се обиде да си даде оставка која за кристално чист инает и беше одбиена и со еуфорија на истушен балон ќе ја игра и натаму истата улога со мали варијации, надевајќи се на подобро сценарио и подобра гардероба и стајлинг, потајно сонувајќи со ширум отворени очи и срце за нешто толку добро кое не се ни компарира и кога душата е полна до врв со спокој и опиена од виното на сопственото задоволство кое нема да премине во оцет на туѓото за инает, . И така денес за инает не се чувствувам или тврдоглаво ќе се инаетам на чувствувањето, туку среќа што вреќа сол нема во близина да паѓам во искушенија, ...
Пријателски расположено. Изгледав цела сезона на пријатели денес. А сега се изнервирав затоа што за сезона пет ми требаат уште цели 30%!
Топло. Знаев дека ќе ми биде топло. И после ќе се чудам зошто во соба која е на север се будам во 9 наутро испотена Се печев како рак, ама испаднав нешто од рак потемно. Леле се обожавам кога мирисам вака
Наместо да се радувам и спремам, јас сум како утепана, а една мрза што ме фатила....не ме пушта и не ми дава ништо да направам. Затоа си седам сама ко трупче, заради неа....мрзата
Денес некако ништо не ми оде како што треба, сите ми заминаа на одмор, а јас идам утре и некако се осеќам ептен осамено .. Едвај чекам да дојде август цело друштво да си се собереме и сите да си бидеме заедно, ептен ми е тешко некако Од што сум цела за никаде ме мрзе да се почнам да се спремам исто ми е ко да не идам никаде, сега си дојдов и си дремам овде си губам време.. Мрза голема ме дупи у ребро, на сите жешко, мене ладно од што сум цела пореметена и така..
Прекрасно, просто волшебно..собирам сили да ја напуштам канцеларијата, пошто морам. Се надевам нема да ме удри дамла по пат, сепак ден работа кој не вклучува компјутер е прекрасен ден, само да не беше проклето жешко. А, бар мускулите не ме болат веќе ќе можам да се движам