Пропуштив многу шанси за да бидам среќна периодов, не по моја вина. „Кога нешто цврсто посакуваш, целата вселена ќе скова заговор да ти се исполни таа желба“. Не. Не е секогаш така. Виновникот е еден. Ми ги руши сите сништа. Ме носи до врвот, ме гази до дното. Мора некогаш се` да престане. Уништи го она што те уништува тебе. Mи требаат неколку дена на страна од целото лудило. Јас, гитарата и празна соба. Морам да кренам раце од повеќе работи. Да престанам да се трудам. Најубавите работи нека дојдат кога најмалку ќе очекувам...
Многу чудно.Цел ден ме мачи едно лошо чувство Според ваквото чувство или вечер ќе си поминам прекрасно или ќе биде многу лошо ,средна опција нема ! Уфф страв ми е и да излезам вечер.Ако утре квичам по форумов да знаете дека е резултат на нокта што ме очекува
еве баш ваква сум во моментов тече вода од мене како да сум во сауна ама добрата работа е што некој луѓе па плаќаат да се чуствуваат вака
Јас се осеќам евентуално Шала на страна, одлично се чувствувам, еден од подобрите денови во последно време И сакам да потрае дооооолго време
и,,бетмен,,има право на непријатен ден..но ете веќе е нов ден што значи дека тој лош ден е веќе минато...
Не дека станав на лева нога обично внимателно пуштам прво десно ноџе да ми допре под, ок де секој има право на малку суеверие па што јас да сум секогаш дежурен расипувач на забави?! Ама така некако налево тргна се‘ и во круг од тие магичните од кои чиниш излез нема, ама имало ме опфати потоа некоја рамнодушност абе супер зен му го украдов на Тони дури и да контрам ме мрзеше што дефинитивно не сум јас не, не не беше во ред таа фаза. Туку на тема чувствување некогаш каков интензитет на чувства имам па варијации, па амплитуди се‘ само не константа не сум ти јас за експеримент релевантен примерок абе жена совршено непостојано чувствителна до ја*ца кои ги нема физички, ама ги има практично. И чувствувам дека треба да си легнам темата Ме фати во лага ја прочитав Ме фати за нога.
Леле дланки ми се потат, аман бе со топлово, аман! Ама кога човек поарно ќе подразмисли, нека! Бар да појдеме до на плажа дур не се расипало... пак
Со оглед на тоа дека легнав во 6,а ме разбудија во 11 уште наутро ми тргна денот со нервози. После ми беше монотоно и уште повеќе се напнав зошто ништо не сум направила. Сега сум со надеж дека вечер ќе биде повозбудливо.