Би се чувствувала поубаво кога би заминала во истиов момент на море .Но работата и честите работни патувања нема да ми го дозволат тоа задоволство до 1 Август . Повеќе сум на четири тркала него дома, а тоа знае да исцрпи. Но да не се жалам ... ќе дојде и 1-ви
Заради новината која ја правиме по дома се чувствувам и изморено ,но во исто време и многу среќна и исполнета .Внесуваме нешто наше ,наша идеја и наша реализација. А бидејќи и тој е тука рамо до рамо со мене сум уште посреќна Чувствувам дека најубавите мигови не го достигнале врвот ,но и вака е супер
Има периоди и периоди. Е, сега ова е од оние периоди, што на се ти личи само на период не... пошто и тој има некакви си граници до кои е период, онда е нешто друго! А, чувствувањето?!? Па, добро е кога го чувствуваш. А да отрпнеш да речеме... онака од се’?!? И доаѓа чика доктор те боцкаат со игличка, ондак по коленце со чукче тап, а ти не мрдаш. Комарец ти става на рака да те лапка малку, а ти јок! Мува не те пеца. Значи, добар е периодов и чувствувањето се што се чувствува! Се трпи! А, тоа е најбитно. Но, имам еден проблем. Озбилен е, мада се уште не е за алармирање на специјалниот одред. Го изгубив осетот за вкус! Јадам праска еве. На се ми личи само на праска не. Всушност, лажам. Ми личи на праска, а ми има вкус на ништо.. битно тече од неа некаква си течност, која те потсеќа на детството кога си јадел вкусни сочни прасковини.. ама ова, ама ова?!? Ал го јадам, онака, не осеќам... џвакам. И зашто?!? Пошто сум потрошила пари де! Не ќе фрлам. И многу вакви работи јадам без да ги осеќам, пошто што да осетиш... вкус немаат та да ги осетиш. И луѓе вакви некако почнаа да произведуваат. Уствари одамна се они произведени, само сега созреале за берење јбг-а!
Некако нереализирано, помалку мрзоволно, повеќе дефанзивна стратегија применував версус некои индивидуи кои морав да ги задржам во видно поле од професионализам и кога погледот би убивал што сериски убиец ќе излезеше од мене со ласерски прецизен рез еден поглед и збогум засекогаш и роднава грутка ќе беше поспокојно место емотивни вампири пих како би ве збришала без прашинка да ми падне на грижата на совест. И чекам со душа да дојде утрешниот ден, па повторно излежување на плажа и чекање зајдисонце, може и ќе манијачам нешто интересно кое ќе ми влета во видокруг за да ги задоволам и другите позитивни ефекти на погледот поради хармонија во универзумот, Јинг Јанг и слични нешта кои на моменти не ги разбирам, ама ги сфаќам или па сфаќајки ги ги разбирам или разбирливо ќе ми останат несфатена енигма.
Денес?! Глупаво, безначајно! Обичен ден, повеќе досаден...поминат со љубовта, да, ама па не ми беше денот и не бев расположена за легавење туку само за карање! Ме мачат некои мисли од минатото и тоа толку многу ме дразни, што незнам до каде со ова?! Можеби дека има тука некој, кој е заслужен да ме потсетува што се' некогаш ми создавало болка, од што сум излеала илјадници солзи, можеби ...не викам не! Да беше ПМС ќе си речев : ете тоа е, затоа сум ваква, ама не! Ајдеее, да се надеваме дека до утре ќе пројде...а вечерва решив порано да си легнам да не се мачам веќе...доста беше овие два дена цркнав...главата ми пука! Па вака било некогаш, па така било некогап! Си викам е било де, ама некогаш (се надевам дека не е и сега, се надевам само!) Сума сумарум...напната сум!
Под звукот на Негатив и под окото на секси Швеѓанец... како ли проклето можам да се чувствувам освен убаво?
Today I don't feel like doing anything I just wanna lay in my bed Don't feel like picking up my phone, so leave a message at the tone 'Cause today I swear I'm not doing anything